ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Ниту оваа, ниту која било влада има право да преговара за македонскиот јазик и македонскиот идентитет

June 24, 2021 17:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не ни треба Европска унија, ако некој сака да преговараме за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што ќе бидеме обезличени. Нема кој да влезе во ЕУ, затоа што мнозинството народ во државата се Македонци. Ниту оваа, ниту пак која било влада има право да разговара за македонскиот јазик и македонски идентитет, нагласи премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, зошто нема почеток на преговори со ЕУ, кога тој тврдел дека Преспанскиот договор ни гарантира членство, и побара од претседателот на Владата да го прочита предлогот со кој тој заминал во Софија.

– Истите вие кои велите дека отиде Заев во Софија да направи ново предавство, истите вие велите зошто не испорачавте членство во ЕУ. Кои се всушност вашите ставови? Да го штитиме македонскиот идентитет или по која било цена да направиме договор со Бугарија за да можеме да станеме членка на ЕУ, праша Заев, кој ги нарече опозиционерите квази-патриоти.

Тој објасни дека со Бугарија се разговара за патоказ, што е предлогот во португалското решение на проблемот. Заев појасни дека во патоказот се наведени сите области за соработка, како на пример изградба на инфраструктура, отворање гранични премини, подобра соработка меѓу институциите.

– Вториот дел, во кој се осврнуваме во патоказот е интензитетот на состанување на историско образовната комисија, без да се прецизира за тоа што Комисијата разговара оти таму членуваат експерти. На едно место каде што се спомнува македонскиот јазик, стои дека се работи за два слични, но различни и меѓународно признаени јазици, подвлече Заев.

Тој рече дека не се започнати преговорите со ЕУ, поради внатрешната состојба во Бугарија, која нема политичка влада и нема конститутиран Парламент. Заев верува дека во периодот што следи, ќе продолжат разговорите со Бугарија.

Мизрахи рече дека не е задоволна од одговорите на Заев и оти дали Бугарија има или нема парламент, не е наша работа, туку нивна. Таа рече дека Бугарија има Декларација во која се исцртани бугарските црвени линии.

– Ајде ние да ги исцртаме нашите црвени линии, да имаме Декларација, нагласи Мизрахи.

Мизрахи критикуваше дека по 30 години независност поради Заев и политиките на власта, граѓаните треба да шепотат во сопствената земја дека се Македонци.

– Ја искрвавевте и земјава и луѓево во компромиси за датуми во стилот на „не оваа среда ама наредниот петок“ и еве сте денес тука, во законодавниот дом и јас немам зборови и не знам зашто сте вие тука? Лоша била ЕУ. Па каде не носевте преку крвави компромиси цели четири години? Во лошата ЕУ? Да ве потсетам дека не донесовте во агонија на државно обезличување со тоа ветување. Престанете да го навредувате и народот. Престанете да ја навредувате Македонија, вели Мизрахи.

Таа критикуваше дека на Заев се некој друг му е крив, до завчера тоа било ВМРО, а од вчера ВМРО и ЕУ, па државата ја претворил во северна творба, и го навредил и понижил народот за денес да шири ЕУ-скептицизам. Мизрахи во неколку наврати нагласи дека со потпишување на Преспанскиот договор, Заев ветил членство во ЕУ.

извор: МИА

Next Post

Шахпаска на средба со агенциите на ОН во земјава: Продолжуваме заеднички да креираме политики за градење на општество со еднакви можности и ресурси за сите граѓани

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk