ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Универзитетот од Велико Трново ги исполни сите законски услови за да отвори филијала во земјава

June 24, 2021 18:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вели дека Универзитетот „Св. Св Кирил и Методиј“ од Велико Трново ги исполнувал сите законски услови да добие акредитација во земјава. Отворањето негова филијала во земјава, смета премиерот е поткрепа на пријателството, на добрососедството и соработката.

-Кога некоја високообразовна институција од Бугарја бара да отвори овде Универзитет а ги исполнува условите, а ние го спречиме и покрај исполнувањето на условите тогаш не сме пријатели, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање.

Според него, ова се регулира и со членот 24 од Законот за високо образование кој предвидува  „Странска високообразовна установа на која и е признато право да врши високообразовна дејност, односно акредитирана за вршење на високообразовна дејност во земјата во кое и е седиштето (во конкретниот случај во Бугарија) врз основа на одобрение од Владата на Република Македонија по претходно мислење на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование може на некој од светските јазици да врши високообразована дејност на територијата на Република Македонија“. 

-Кога ви аплицира институција согласно законите во нашата земја и притоа ги исполнува условите во Законот и во прилог дава заинтересирани идни студенти коишто пријавиле интерес да го аргументирам тоа дека е така. Вие не можете да донесете одлука да видите дали е од прво рангираната или од шестилјадитата рангирана институција по Шангајската листа. Овде не пишува по Шангајската листа како да се водиме ние во законите. Ако некој ги исполнува законските услови треба да постапиме позитивно, рече премиерот Заев.

Законот, додаде Заев, е јасен и наставата таму треба да биде некој од признатите јазици – англискиот, италијанскиот, германскиот, францускиот или македонскиот јазик.

-Така што согласно законот и правото доби затоа што ако некој аплицира, ги исполнува условите таму во законот претходно вика што услови треба да исполнува. На мислење на МОН кое што е завршено, одборот за акредитација е завршено, Владата дава отворање. Има и сегашни и минати влади дале и некои одзеле заради неисполнетост на условите по слово на закон и по правото аплицирале, ги исполниле условите е дадено  одобрението за отворање на високообразовната институција, истакна премиерот.  

Тој вели дека нема да има недоразбирања заради сличното име со Универзитетот „Свети Кирил Методиј“ од Скопје.

-Во самите дипломи има јасно кој тоа универзитет дал диплома. Се знае дека е „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново кој има овде отворено високообразовна институција, е различен од нашиот македонски универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје кој што ги издава дипломите, рече Заев одговарајќи на прашање на пратеничката Гордана Силјановска Давкова.

Таа од него побара одговор врз која основа е дадено решение и одобрување за овој универзитет. забележа дека тој нема да придонесе за поквалитетно образование на младите, поради тоа што, како што истакна, е на 3765 место на Шангајската листа на најдобрите универзитети во светот. 

извор: МИА

Next Post

Маричиќ за хрватски ,,Национал”: Граѓаните сѐ уште веруваат дека единствената правилна идеја е таа што води кон членство во ЕУ

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk