ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Балкански форум на јавните обвинители во Софија: Притисокот врз независноста на јавните обвинителства е недозволен

June 24, 2021 18:40
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Софија денеска се одржа Вториот работен форум на главните јавни обвинители на балканските држави на тема „Улогата на јавното обвинителство за воспоставување на владеење на правото“, на кој учествуваше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија  Љубомир Јовески.

– Притисокот врз независноста на јавните обвинители е недозволен, особено оној кој доаѓа од политичарите, се согласиле учесниците на форумот во дискусијата, наведуваат во соопштението од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Според државните обвинители од регионот, се подвлекува во соопштението, ефикасното јавно обвинителство во една држава е најголема гаранција за владеење на правото, за доверба во институциите и за просперитетна економија.

Акцент во разговорите бил ставен врз позитивните ефекти од соработката меѓу јавните обвинителства од балканските земји, демонстрирана во последните години, што има големо значење за ефикасноста на националните судски системи.

Форумот во Софија го отвори главниот обвинител на Република Бугарија Иван Гешев, кој изразил уверување дека споделувањето на најдобрите пракси од работата на одделните национални јавни обвинителства ќе биде од корист при справувањето со предизвиците за постигнување на повисоки резултати во борбата со криминалот и особено со прекуграничниот криминал. На јавните обвинители од регионот, преку видео-конференциска врска им се обратил и претседателот на EUROJUST Ладислав Хамран.

Покрај Јовески, на форумот учествува и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Во соопштението се наведува дека учесниците во дискусијата одлучиле домаќин на Третиот работен форум на главните јавни обвинители на балканските држави да биде Република Романија.​

извор: МИА

Next Post

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ горивата беа со рекордно високи цени, а целата држава се гушеше од загаденост, оваа партија нема право да зборува за екологија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk