ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓународна конференција „Духот и сенките на Југославија: рефлексии и процеси, 30 години од распадот на СФРЈ“

June 25, 2021 09:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Центарот за напредни истражувања од Скопје, а со партнерство на Академската мрежа за соработка во Југоисточна Европа, денеска во Скопје, ќе се одржи хибридна (со физичко и on-line присуство) меѓународна конференција „Духот и сенките на Југославија: рефлексии и процеси, 30 години од распадот на СФРЈ“.

Како што стои во соопштението од Центарот за напредни истражувања, научните дебати ќе го рефлектираат широкиот спектар прашања поврзани со размислувања и процеси околу распаѓањето на Југославија, а поканети се научници, студенти на докторски и магистерски студии, истражувачи и практичари од историјата, политичките науки, економијата, антропологијата / етнологијата, историјата на уметноста, географијата, социологијата, психологијата, културното наследство, медиумите, архитектурата, како и други дисциплини во хуманистичките, општествените и други науки и уметности.

За официјален почеток на физичкиот распад на СФР Југославија, се посочува, најголем број автори го сметаат 25 јуни 1991 година, кога Собранието на Република Словенија еднострано прогласи независност, а два дена потоа започнаа вооружените судири помеѓу ЈНА и Територијалната одбрана на Словенија.

ООН ја признаа независноста на Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина на 22 мај 1992 година, а претходно на 29 ноември 1991 т.н. „Бадинтерова комисија“ на Европската заедница (подоцна Европската унија), составена од претседателите на уставните судови на Франција, Германија, Италија, Шпанија и Белгија, објавија „Мислење“ со кое се констатира дека Југославија се распадна, а границите помеѓу бившите федеративни единици ќе се сметаат како државни граници на новонастанатите држави, кои, со сила не можат да се променат.

Некои авторитети, стои во соопштението, мислат дека распадот продолжи и после тоа, со независноста на Србија и Црна Гора, но и со едностраното прогласување на независноста на Косово, во 2008 година.

Меѓу другото, се подвлекува дека се смета оти процесот на распаѓање заврши со Дејтонскиот мировен договор во 1995 година.

– Во април годинава балканската, но и пошироката светска јавност се разбрани со веста дека словенечкиот премиер Јанез Јанша, наводно, испратил т.н нон-пејпер до авторитетите на ЕУ во Брисел под наслов: „Конечното распаѓање на Југославија“, што значи дека во некои кругови сè уште се размислува за дополнителни менувања на постоечките граници на територијата на поранешна Југославија, стои во соопштението од Центарот за напредни истражувања.

Јавноста кај нас, но и пошироко, посочуваат во соопштението, со големи емоции реагира по социјалните мрежи на неконвенционалните изјави на ексминистерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, дека Северна Македонија не може да започне преговорите со ЕУ, односно Бугарија ќе ја блокира, сè додека се почитува и слави ликот и делото на Јосип Броз Тито.

Триесет години по крвавиот распад, се поставуваат прашања за многу феномени што се поврзани со постоењето и распадот на СФРЈ: дали постои југословенство, југословенски идентитет, југо носталгија, (пост) југословенска култура и југословенско наследство?

– Смртта на некои музички и филмски екс ју ѕвезди, духовно ги обедини граѓаните од сите држави што произлегоа од СФРЈ заедно да тагуваат. Луѓето излегуваа по градските плоштади и колективно пееја песни на починатите Оливер Драгојевиќ и Ѓорѓе Балашевиќ, со прилично голема доза на емоции на југо-носталгија. Впечатливо беше и како граѓаните од сите екс ЈУ земји, неколку седмици, тагуваа за Тоше Проески, музичка ѕвезда, што својата слава ја направи по распадот на Југославија, насекаде доживуван како „наша ѕвезда“. Познатиот режисер Лордан Зафрановиќ, во една прилика ќе изјави: „Титовата Југославија беше врвот на цивилизацијата на тие несреќни народи, и сметам дека никогаш повеќе во својата историја нема да бидат на тоа ниво, со угледот, со силината, со социјалните состојби, кога имаа бесплатно школство, болници, летувалишта, кога цветаше уметноста …“., стои во соопштението од Центарот за напредни истражувања.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk