„Скопје има многу приказни. Приказни кои се случиле и приказни кои допрва треба да се случат. Сите подвизи, сите лични и колективни успеси но и неуспеси, сите оние настани и нешта кои се случиле и нè обединуваат како сограѓани и жители на Скопје, без разлика дали сме се родиле тука или со текот на времето Скопје едноставно станал наш град. Една од тие приказни е и на личност која неизмерно ја почитувам, а тоа е легендарната ракометарка Андријана Будимир. Можеби не може да каже дека се родила тука, но со своите успеси многупати докажала дека Скопје е и нејзин град, а скопјани тоа го препознаа и ја прифатија како отсекогаш да била една од нас“, пишува во фејсбук-објавата градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Зошто Адријана Будимир одлучила да живее во Скопје, зошто ги сака Скопје и Македонија?
На што му се жали Адријана на Шилегов, која живее на улица „Рузвелтова“?
Дали градоначалникот има решение за нејзиниот проблем?
Адријана Будимир со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, ги споделува своите искуства како единствен ракометен тренер на машки клуб.
Кои главни разлики во градов ги забележува Адријана која се доселила во Скопје во 2001 година?
Што најмногу му фали на Скопје, според Адријана Будимир?
Во видеото Петре Шилегов и Адријана Будимир, муабетат за градскиот парк, памптракот, Дино паркот, за градските игралишта, за Универзална сала, за Бас Рапид Транзитот и за иднината на Скопје.
J. Ѓ.






