ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Крик04: Визии за иднината на критиката во регионот

И покрај хиперпродукцијата на дела во сите медиуми и жанрови во современите уметнички и културни практики, тие се несомнено во криза, особено во регионот, а посебно во Македонија, токму заради отсуството на критичката рефлексија. Причините за тоа се повеќекратни. Но, повеќе од јасно е дека вреднувањето, поставувањето и артикулирањето на уметничката и културната продукција, ја засега нејзината иднина.

December 14, 2019 10:22
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 15.12.2019 година (недела), во Јавна соба во Скопје од 13.00 до 14.30 часот, во рамки на КРИК 04, ќе се одржи отворена јавна средба/разговор во рамки на која ќе се покренат прашања за состојбата, значењето и иднината на критиката во и за современите уметнички практики.

И покрај хиперпродукцијата на дела во сите медиуми и жанрови во современите уметнички и културни практики, тие се несомнено во криза, особено во регионот, а посебно во Македонија, токму заради отсуството на критичката рефлексија. Причините за тоа се повеќекратни. Но, повеќе од јасно е дека вреднувањето, поставувањето и артикулирањето на уметничката и културната продукција, ја засега нејзината иднина. Отсуството на медиуми кои не се само сервис на содржини туку вистински креатори на критичко јавно мислење, но и процесите кои се поврзани со културните политики и образовните рамки, како и со генералното отсуство на критичка култура која ќе создава развојни вредносни системи низ кои ќе се артикулираат и развиваат современите уметнички практики се само едни од причините за криза на критиката.

Во рамки на сега веќе тригодишната регионална платформа за развој на критиката во современите општествени практики, Светот околу нас, која е резултат на партнерската соработка помеѓу Контрапункт од Скопје, Курзив – платформа за култура, медиуми и општество ((Kulturpunkt.hr) од Загреб, и Здружението за промоција на културата – Kulturtreger (Booksa.hr), како и SEEcult.org, од Белград и SCCA – Љубљана, релизирани се низа програми со цел јакнење на критиката во регионот, обезбедување на нејзина видливост и покренување дијалог за трансформативните процеси низ кои критиката минува во регионалниот општествен и културно политички контекст.

Организирани се бројни едукациски програми, јавни настани, критички колоквиуми во рамки на кои се среќаваат и разговараат критичарите од регионот. Особено важен дел од овој проект е акцентот врз издавачката дејност – објавување на критички појмовник во кој угледни критичари и критичарки тематизираат низа прашања важни за специфичното подрачје на критичарските практики.

Во рамки на оваа средба, низ јавен разговор, во кој ќе учествуваат сите присутни, а кој ќе биде воведен и модериран од Лујо Парежанин, координатор на иницијативата, и Хана Сировица, критичарка во VoxFemina, ќе земат учество многумина клучни актери на нашата сцена кои се застапуваат за враќање и развивање на критичките практики, но секако овој јавен дијалог е отворен за секој кој е заинтересиран. Целта е да се обидеме да ги разгледаме состојбите на критиката во регионот, контекстот и можностите за развој на регионална платформа за критика во актуелните рамки на културни политики.

:::::::::

Хана Сировица, дипломирала компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб и ја завршила неформалната образовна програма во рамки на Центарот за женски студии во Загреб. За време на студиите вклучена е во организација на разни културни настани и учествува во работата на неколку феминистички иницијативи. Од 2013 година објавува  текстови и критики во сферата на изведбените уметности во низа медиуми, а од 2018 година работи како новинарка на порталот Kulturpunkt.hr.

Лујо Парежанин работи како новинар и уредник на порталот Kulturpunkt.hr. Тој магистрира на Компаративна книжевност, а во моментов е на докторски студии по книжевност, изведбени уметности, филм и култура во Загреб. Парежанин соработувал со Хрватското радио и телевизија и работел во Министерството за култура на Република Хрватска, како и во музичкото издаваштво. Објавувал текстови во Зарез и бил уредник на Студентскиот магазин за литература и културна теорија. Освен што е посветен на музичкото творештво, тој воедно е и sound designer во рамки на неформалниот современ танцов колектив Шавови.

Next Post

Петте најмоќни флоти во светот

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk