Нешнал интерест, Вашингтон
Списанието „Нешнал интерест“ ги утврди петте најмоќни военопоморски флоти во светот, а тоа според него се морнариците на САД, Кина, Русија, Велика Британија и на Јапонија.
САД
На првото место се американските Военопоморски сили. Како што забележува авторот на текстот, САД имаат повеќе бродови од секоја друга флота во светот.
– Ниту една друга флота нема таков глобален опфат како американските Военопоморски сили, кои регуларно дејствуваат во Тихиот, Атлантскиот и Индискиот Океан, како и во Средоземно Море и Персискиот Залив, посочува авторот на текстот.
Американската флота, потсетува списанието, има 10 носачи на авиони, девет десантни брода, 22 крстосувачи, 62 разурнувачи, 17 фрегати и 72 подморници.
Кина
На второ место е кинеската флота. Развојот на кинеската флота стана можно благодарение на растот на нејзината економија, што од 1989 година до сега доведе до десеткратно зголемување на буџетот за одбрана, забележува „Нешнал интерест“.
Во моментов Кина располага со еден носач на авиони, три десантни брода, 25 разурнувачи, 42 фрегати, осум нуклеарни и околу 50 конвенционални подморници.
Русија
На трето место е руската флота. Според авторот, и покрај фактот дека Русија традиционално е копнена власт, таа наследи поголем дел од советската флота. Истовремено, таа постепено во експлоатација воведува и нови бродови, а ги модернизира и старите.
Руската флота има вкупно 79 големи бродови, вклучувајќи еден носач на авиони, пет крстосувачи, 13 разурнувачи и 52 подморници.
Велика Британија
Четвртото место е резервирано за Кралската флота на Велика Британија. Слично на повеќето вооружени сили во земјата, британската флота во текот на последните години е исправена пред тенденцијата од постепено намалување, забележува списанието.
Во моментов британската флота располага со три големи десантни бродови, 19 фрегати и разурнувачи, седум ударни нуклеарни подморници и четири подморници со балистички ракети.
Јапонија
Кругот на петте најмоќни флоти во светот се затвора со јапонските Военопоморски сили за самоодбрана. Флотата на Земјата на изгрејсонцето во својот состав има 114 брода, а неговото јадро го сочинуваат 46-те разурнувачи.
Истовремено, јапонската подводна флота се состои од 16 подморници и е една од најдобрите во светот, наведува „Нешнал интерест“.