ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прва меѓународна конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог на 1 и 2 јуни во Охрид и Отешево

June 26, 2021 12:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу триста учесници од целиот регион и меѓународната заедница, меѓу кои премиери, претседатели, министри и генерални секретари ќе учествуваат на Првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог – “Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна”, што ќе се одржи на 1 и 2 јуни годинава во Охрид и Отешево.

Конференцијата официјлано ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а говорници ќе бидат поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, медијаторот во спорот со Грција Метју Нимиц, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, Федерика Могерини, министерката за одбрана Радмила Шекерински, поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, поранешниот специјален претставник на ЕУ Ален Ле Роа, еврокомесарот Јоханес Хан.

Во првиот дел ќе се одржат повеќе сесии, посветени на економијата и бизнис соработката, граѓанското општество и медиумите во регинот и во процесот на европската интеграција. Ќе се зборува за младите и нивната визија за иднината на регионот на Југо-источна Европпа, потоа за жените, мирот и стабилноста – поглед од Западен Балкан, за градењето доверба преку дијалог, како и за улогата на Западниот Балкан во иднината на Европа и поуките од долгогодишните спорови во Југоисточна Европа.

На конференцијата, ќе учествуваат и Специјалниот претставник на САД за Балканот Метју Палмер, претседателот Стево Пендаровски, како и претседателите на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и на Словенија Борут Пахор, премиерите на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, на Албанија Еди Рама и други.

Преспа форумот за дијалог е платформа за нашата приказна гласно да зборува во целиот свет, а целта е промоција на демократскиот дијалог низ примерите на Охридскиот рамковен договор, кој годинава слави 20-годишнина, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, кои како што порача денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не се конечни решенија, туку се рамка за уредување на одредени прашања кои понатаму се прилагодуваат на тековните случувања.

 Ова е далеку најголем настан што сме организирале, кој претставува предизвик од секаков аспект, од организационо технички, протоколарен па се до политички предизвик да се биде домаќин на највисоките гости од регионот од Европа и од САД.  Амбициозна конференција од меѓународен карактер со навистина импресивна листа на поканети гости од кои голем број веќе го потврдија своето присуство. Меѓу нив се скоро поголемиот број од премиерите во регионот, секако министри за надворешни работи, министри за економија, министри за финансии итн., претставници на ЕУ, претставници на бројни мултилатерални организации, на регионални иницијативи, претставници на земји членки на Унијата, претставници на САД, изјави Османи.   

Тој најави дека пред стартот на конференцијата на 30 јули ќе се одржи неформален состанок на платформата Б6, на која министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан ќе имаат т.н. „средба без вратоврски“.

– Мојата интенција е овој неформален формат, слично како што се и другите европски формати како В4 или Ц5, да стане редовна активност на министрите од регионот, каде ќе можеме неформално да разменуваме мислења, информации и да предлагаме идеи за сите предизвици и можности во рамки на меѓусебната соработка, рече Османи.

Прашан, дали од самата средба ќе има некои освоени декларции или заеднички изјави, Османи истакна дека платформата Б6 не е директно поврзана со форумот и нема да се усвојат закличоци и декларации, меѓутоа ќе биде можност за воспоставување на редовен дијалог меѓу министрите од регионот и пред се да се покаже степен на зрелост од регионот.

– Од самата конференција, која што очекуваме, да биде содржајна и во идеите и иницијативите, да се преведат во т.н. политички насоки или препораки, кои ќе може да послужат и како основа за други иницијативи, основа за континуитет на оваа платформа, но и порака кон ЕУ и трасатлантската заедница, изјави Османи.

Во однос на најавеното присуство на генералниот директор на бугарското МНР и пораката која се праќа со нивото, Османи рече дека тоа што е важно, е дека има претставник од Република Бугарија и тоа зборува за важноста на оваа конференција, а тоа е да се даде почит на автентичната приказна, што ја создаде Република Северна Македонија.

Конференцијата е во организација на МНР, а под покровителство на премиерот и Владата на Република Северна Македонија.

Next Post

Османи: Направени се исчекори во спроведувањето на Договорот од Преспа, но треба да се внимава

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk