ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реализација на капиталните инвестиции над 80 проценти за оваа година, очекува Заев

June 28, 2021 12:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев очекува оваа година да заврши со реализација на капитални инвестиции, како што вели од 80 и над 80 отсто. Во ребалансот, има 6,5 милијарди денари повеќе пари за капитални расходи од иницијалниот буџет, се работи на многу проекти интензивно во целата држава, а реализацијата во првиот квартал е 20 отсто повеќе од лани, истакна премиерот Заев.

-Пролетта ја почнавме со помалку корона-заразени за да може и на терен да се одвиваат сите активности. Оваа година првпат по повеќе години и децении со ребаланс се зголемуваат капиталните расходи, што значи дека Владата се поставува уште поамбициозно и тоа врз основа на анализите на склучени договори и почнати во изведба капитални проекти. Очекувам над 80 проценти да биде реализација на капиталните инвестиции на крајот на годината за годинава, но вака таретирани секогаш останува предизвикот имотно-правните работи и административните постапки. Администрацијата секоја година се учи како да ги надминува ваквите проблеми и затоа се поставивме амбициозно односно имаме  6,5 милијарди денари повеќе пари за капитални расходи што беа во иницијалниот Буџет, изјави премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на спортска сала во ООУ „Јоаким Крчоски“ во село Волково.

Потенцира дека голем дел од ваквите проекти се локални, без разлика дали е надлежна државата или општината, и оти продолжуваат со вакви проекти. Во однос на  големите капитални инвестиции, рече, тоа се железниците, гасификацијата, патиштата кои не влегуваат во главниот буџет и затоа не ги сметаме за капитали инвестииции од страна на буџетот, но се многу драгоцени.

-Интензивно се гради низ цела земја и веруваме дека на тој начин ќе дадеме дополнителен прилог на економскиот раст и равој и со секој макар еден процент повеќе реализирани капитални инвестиции веруваме ќе го подгнеме БДП, ќе дадеме поддршка на домашното стопанство, а согласно тоа ќе го јакнеме животниот стандард, изјави премиерот.

Потенцира дека Владата очекува најмалку 80 отсто реализација и оти сме имале години и со над 80 отсто, и дека тоа е  можно да се направи.. -Сега имаме механизам на наградување и казнување. Првиот квартал и со завршување на вториот квартал на одредени буџетски корисници им се одземаат пари и им се дава на оние што вистина реализираа. Имаме 20 проценти повеќе реализација на капитални инвестиции во однос на минатата гоидна и тоа ни дава мотивација дека може да ги реализираме над 80 проценти, рече Заев.

Next Post

Се потврди дека не се преговара за македонскиот јазик и идентитет, продолжуваат напорите за повлекување на бугарското вето, изјави Заев

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk