ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Покажавте дека наши војници можат да служат успешно во која било мировна мисија

June 29, 2021 12:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред безмалку 30 години кога на наша територија беа распоредени мировни сили на ООН или по конфликтот во 2001 година кога бевме домаќини на три НАТО операции, беше незамисливо дека наши војници еден ден ќе бидат дел од мировните мисии во светот. Но во 2002 и 2003 година тоа стана реалност, од земја корисник станавме земја извозник на безбедноста.  Со вашата професионалност и посветеност на најдобар начин ја претставувавте својата земја. Добредојдовте дома.

Ова го изјави претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски на свечената церемонија во касарната Илинден организирана по повод враќањето на последниот наш мировен контингент од Авганистан, на која се обрати и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а присуствуваа и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорите на САД Кејт Брнз и на Турција Хасан Мехмед Секизкок, генералите во Армијата и претставници на Воено – дипломатскиот кор.

–Сега и вие и вашите најблиски можете да воздивнете со големо олеснување бидејќи ни се вративте дома живи и здрави. Вие бевте таму во служба на својата земја, но и во служба на народот на Авганистан кој треба да ги ужива истите права што ги имаат и другите народи во светот. Затоа сакам во свое лично име, но верувам и во име на сите наши граѓани да ви искажам огромна благодарност, рече Пендаровски.  

Шефот на држвата се осврна и на тежината на носењето политички одлуки за учество во мировни мисии.

 –Политичката одлука за испраќање на наши војници во странство е секогаш една од најтешките дилеми пред која можат да бидат исправени политичарите, но денес од оваа перспектива убеден сум дека тогаш беше донесена вистинската одлука. Политичарите често не се согласуваат за многу теми, но кога стануваше збор за упатување на нашите луѓе во мировни мисии, Парламентот одлуките секогаш ги носеше едногласно.  Почнавме скромно со испраќање на два штабни  официри во меѓународните сили за помош, продолживме со испраќање на поголеми контингенти, учествувавме во заедничките состави со мировници од Турција и Обединетото Кралство, испративме контингент во состав на Националната гарда на Вермонт од САД, имавме медицински тимови во состав на Грчката, Чешката и Норвешката полска болница и заедно со земјите од Јадранската повелба.  По завршувањето на ИАФ во 2014 продолживме со учество во новата мисија на НАТО „Решителна поддршка“  во која нашите војници и старешини работа заедно со силите на САД, Турција, Сојузна Република Германија, Кралството Норвешка,  како и во А5 форматот. Во двете мисии нашата Армија учествуваше со над 3.300 луѓе од кои 190 беа припаднички на женскиот пол, подвлече Пендаровски.  

Во однос на контингентите,  посочи, можеби се чинат мали во однос на вкупната бројка на ангажирани сили кои во некои периоди во Авганистан изнесуваа и над 150 илјади, но, вели, се големи во релативна смисла имајќи предвид дека еден период Северна Македонија беше четврта според големината на придонесот во однос на бројот на нејзиното население. Бројката на припадници, посочи, изнесува скоро половина од вкупната бројка на нашата Армија, а е  многу позначајна ако се земе  предвид и нејзината структура која секогаш го одразуваше етничкиот состав на нашето население и дека нашите војници заедно со нашите партнери споделуваа исти вредности на слобода и демократија.  

-Почитувани мировници, вие со вашата професионалност и посветеност на најдобар начин ја претставувавте својата земја. Ако како држава веруваме дека сите луѓе се родени слободни и еднакви не можеме да бидеме дојстојни на нашите зборови и верувања ако не ги браниме тие вредности каде било во светот каде што има потреба. Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на која било мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршка од нашите тогашни партнери, сега сојузници САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија, рече претседателот Пендаровски и упати благодарност и до нив.  

Искажа уверување дека искуството стекнато за време на нивниот ангажман во оваа мисија направи од нашите мировници не само подобри војници, туку и подобри луѓе и им посака и во иднина да продолжите да ја претставувате својата татковина, својот народ и достоинството на нашата Армија во најдобро можно светло каде и да се.

Околу 3.000 припадници на Армијата на Република Северна Македонијаучествуваа во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и  „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Во периодот од 2002 до 2015 година,  беа дел од силите ИСАФ во Авганистан, на различни позиции и со различни задачи, а од 2015 година, даваа свој придонес во мисијата- наследник, „Одлучна поддршка“ и тоа со 500-тини припадници.

Северна Македонија ги повлече своите војници од Авганистан, во согласност со одлуката на сите земји-членки на Алијансата за завршување на мисијата „Одлучна поддршка“.

извор: МИА

Next Post

Ангеловска-Бежоска: Клучните фактори засега овозможуваат олабавена монетарна политика

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk