ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Клучните фактори засега овозможуваат олабавена монетарна политика

June 29, 2021 12:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови на монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот, токму инфлацијата и нивото на девизните резерви се двата клучни фактора од кои зависи просторот за спроведување олабавена монетарна политика. Повисоко ниво на девизни резерви, а поумерена инфлација, значи и поголем простор за продолжено спроведување лабава монетарна политика. Најновите податоци укажуваат дека девизните резерви се одржуваат на високо ниво – тие надминуваат 4 милијарди евра, што е повеќе од двојно во споредба со глобалната економска криза. Инфлацијата умерено забрза под влијание на глобални фактори, но сепак тоа не се промени што ги создава побарувачката и засега не се очекуваат потрајни инфлациски притисоци, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Третата меѓународна научно-стручна конференција „Економски и социјални импликации од КОВИД-19, предизвици и предлози за надминување“, чиј домаќин е Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во однос на идната поставеност на монетарната политика, додаде Ангеловска-Бежоска, НБ ќе продолжи да ги следи состојбите во надворешното окружување, особено во ЕУ, како и домашните услови и нивното влијание врз девизните резерви и инфлацијата.

Според гувернерката, од големо значење се и политиката и сигналите на ЕЦБ, од аспект на просторот за натамошно спроведување стимулативна монетарна политика и кај нас.

-На последниот состанок во јуни ЕЦБ одлучи да продолжи со олабавена монетарна политика, ја задржа каматната стапка во негативна зона и донесе одлука да продолжи со вбризгување ликвидност во системот и тоа поинтензивно во втората половина од годината, при очекувања за забрзување на инфлација оваа година, но и намалување наредната година, напомена Ангеловска-Бежоска.

Во излагањето таа се осврна и на досегашната реакција на централните банки од почнувањето на КОВИД-кризата наваму, при што нагласи дека во конкретните  услови на почетокот на кризата, централните банки немаа друг избор освен силна реакција со цел стабилизирање на движењата на финансиските пазари. Гувернерката ги презентираше и мерките преку кои Народната банка реагираше, како и ефектите од реакцијата. 

извор: МИА

Next Post

Истражување на Оксфорд: Комбинација на „АстраЗенека“ и „Фајзер“ ги произведува најдобрите одговори на Т- клетките

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk