ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Истражување на Оксфорд: Комбинација на „АстраЗенека“ и „Фајзер“ ги произведува најдобрите одговори на Т- клетките

June 29, 2021 13:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Доза на вакцината „АстраЗенека“, надополнета со втора доза на „Фајзер“, ги произведува најдобрите одговори на Т-клетките, како и подобар одговор на антителата, покажа најновото истражување на Универзитетот Оксфорд.

Примањето мешани вакцини, кога вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 се дава четири недели по имунизацијата со „АстраЗенека“ ќе произведе подобар имунолошки одговор од втората доза на вакцината „АстраЗенека“, покажа истражувањето на Оксфорд, објавено вчера, пренесува МИА.

Истражувањето, наречено Com-COV, спореди мешана употреба на две дози вакцини „Фајзер“ и „AстраЗенека“ и откри дека тие произведуваат високи концентрации на антитела против спиралниот коронавирусен протеин во која било комбинација, пренесуваат британските медиуми.

Овие податоци ја поддржаа одлуката на некои европски земји да почнат да нудат алтернативи на „AстраЗенека“ за втората доза, откако беше откриено дека е поврзана со појава на ретки тромбози.

-Секако е охрабрувачки тоа што овие одговори на антителата и Т-клетките изгледаат добро при мешаното давање на вакцините, но треба да се користи начин што делива докажано, освен доколку не постои доволно добра причина за спротивното, изјави професорот на Оксфорд Метју Снајп, кој стои зад истражувањето.

Најголем одговор на антителата е забележан кај луѓе кои примиле две дози вакцина „Фајзер“, што дало подобри резултати отколку по приемот на две дози на вакцината „АстраЗенека“.

-Доза на вакцината „ AстраЗенека“ проследена со „Фајзер“ ги произведе најдобрите одговори на Т-клетките, а, исто така, и подобар одговор на антителата отколку во случајот на „Фајзер“ проследен со „АстраЗенека“, изјави Снајп.

Next Post

Подземјето на Колосеумот во Рим првпат достапно за туристи

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk