ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ќе следиш политика и оро ќе играш!

June 30, 2021 15:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

На моја среќа, моите родители никогаш не ми наметнувале ставови околу политиката. Секогаш сум имала простор сама да ги проценам случувањата и да изградам свој став околу истите. Мојот прв револт околу политичките случувања се случи за време на Шарената револуција. Всушност, тогаш за првпат и напишав колумна. Тоа беше единствениот начин на којшто можев да го изразам својот револт дури студирав во Словенија, а во мојата татковина се случување куршлуз. Како да не беше доволно болката што ја чувствував за моите луѓе дури бев 1000 километри оддалечена од нив, уште фалеше стравот кој го чувствував околу мојот престој во Љубљана. Имено, секоја година требаше да вадиме одново дозвола за престој врз основа на тоа дека студираме таму. Арно ама, законите се менуваа со годишните времиња, а нас студентите отпочнување на постапка за нова виза нè плашеше повеќе и од претстојните испити.

Словенија ја доживувам како биполарна личност којашто во еден момент ги сака студентите од странство (толку многу, што им дава субвенции за бесплатни оброци), а во следниот момент им вели: одете си таму од кадешто сте дошле, не сме ние балканци па да ви се наоѓаме! Изминатиов период изби бунт заради предлог законот на Министерството за внатрешни работи на Република Словенија за студентите од странство според кој секој кој би сакал да студира во Словенија ќе мора да приложи 5000 евра на својата сметка како доказ дека неговите родители имаат финансиска моќ да го издржуваат барем една година. Така се сетив на непријатното чувство кое го имав за време на мојот престој таму, особено кога доаѓаше време за вадење на нови документи. Се сетив како неуморно следев политика како никогаш порано, затоа што од потенцијалните турбуленции зависеше и мојата иднина. Од тогаш свесно целам кон тоа што е можно помалку да зависам од политичките случувања во земјата во којашто живеам.

Не би сакала да навлегувам во полемика околу мојата одлука да се дистанцирам од политичките случувања. Само можам да кажам дека кога редовно ги конзумирам ваквите вести – како хардкор емпат – завршувам со чувство на разочараност. А, aко не ги проветриш тагата и немоќта од време на време, тие од тебе ќе направат огорчен човек.

Затоа, веќе не се срамам да кажам дека не следам активно политика. Еднаш на еден пријател кој бурно изреагира за мојот став  и ми побара објаснување му кажав дека сум доволно тажна заради други причини и не ми е потребна политиката за дополнително да ме разочарува. Притоа би сакала да нагласам дека иако имаме богат јазик, тешко ги одвојуваме поимите Политика (Politics) и Законодавство (Policy). Тоа што го избегнувам првото не значи дека сум индиферентна и за второто.

Политиката може да се дефинира како наука на управување со политички ентитет како нација. Законодавството може да се дефинира како целокупен план што ги опфаќа општите цели. Тоа е збир на правила или принципи кои ги водат одлуките. Со други зборови, не ми е грижа од која политичка партија доаѓа некој. Тоа што ме интересира е дали има вистински вредности, правилна визија и не е (толку многу) корумпиран.

Така, можам да се вратам во онаа состојба во којашто бев извесно време – огорченост заради неправдата – и можам да се лулам во неа и да се тешам дека го имам секое право да се чувствувам безнадежно. Или, можам да се борам. Можам да ја потпишам секоја можна петиција, секојдневно да објавувам содржини со моите ставови околу случувањата, евентуално и да извадам книшка и официјално да станам една од оние кои делат пенкала пред избори.

Сепак, одбирам да не направам ниедна од овие работи. Наместо тоа, се осредоточувам на тоа да го пронајдам мојот Зен во овој хаос. Секојдневно се потсетувам дека безброј луѓе во историјата изнашле начини да живеат спокојни и исполнети животи во рамките на дисфункција, дистопија и очај. Немојте да ме разберете погрешно, јас сеуште имам намера да застанам и да зборувам за тоа што мислам дека е правилно, но денес, повеќе од било кога, ја согледувам потребата да се балансира идејата за борење за работите за кои вреди да се бориш со важноста да ја насочам мојата енергија онаму кадешто би направила најмногу добродет. Ништо добро нема да им направам на моето семејство, пријатели и кариера доколку се чувствувам лута и немоќна. Мора да најдам причини да бидам позитивна и продуктивна. Мора да најдам начини да продолжам напред без да очекувам ветер од некој план за развој да ме поттурне. Мора да научам да чекорам и покрај сета бесмисленост.


Текстот е личен став на Aвторката. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Палестинското Министерство за здравство тврди дека 57 деца во Газа починале од глад

May 13, 2025

Калас: Русија реално не е заинтересирана за мир во Украина

May 13, 2025

Над 60 милиони туристи лани ја посетиле Италија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk