ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Деспотовски: Се фокусираме на поквалитетни инвестиции кои носат повисоки плати

July 1, 2021 10:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ја отвораме државата за сите инвеститори кои ќе донесат поголема додадена вредност, стабилни работни места и повисоки плати за нашите сограѓани. Повеќе не се претставуваме како земја со евтина работна сила и се стремиме да овозможиме достоинствен живот за секого. Додадената вредност на самиот проект е тоа што треба да не движи напред,  истакна Јован Деспотовски директор на ТИРЗ пред романските стопанственици на македонско-романскиот економски форум организиран од Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Деспотовски, како што соопшти ТИРЗ, на романските компании им ги презентираше можностите за инвестирање во земјава и новиот концепт за привлекување на инвестиции на ТИРЗ.

– Она што не прави различни е новиот индивидуализиран пакет за државна помош, креиран врз анализа на инвестициски планови и профил на компанијата, како и новиот систем за грижа на корисници, таканаречен систем „на една влезна точка“ кој нуди поедноставен пристап до услугите за компаниите и персонализирана поддршка, рече Деспотовски.

Посочи дека инвеститорите веќе го препознаваат новиот концепт и поволната бизнис клима во земјава.

– Само во изминативе неколку месеци успеавме да покренеме интерес кај над 30 компании, актуелни и потенцијални инвеститори за обем на инвестиции од над 425 милиони евра, кои треба да донесат нови 8500 работни места. Ова е доказ дека со таргетирани сет мерки можеме да креираме нов развоен концепт на македонската економија кој ќе се базира на инвестиции од кој ќе имаат бенефит и компаниите, и државата, но и граѓаните, посочи Деспотовски.

Тој истакна дека пандемијата покажа дека фокусот само на еден сектор е ризик, како примерот со автомобилската индустрија кај нас, поради што ТИРЗ ја менува политиката и се отвора кон привлекување инвестиции и од другите сектори.

– На форумот присуствуваа претставници на дваесет романски компании од различни сектори, како што се: градежништво, туризам, енергетика, информатичките технологии, наведуваат од ТИРЗ.

извор: МИА

Next Post

Вчера се аплицирани 14.525 вакцини

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk