ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пендаровски: Нормализирање и развој на економијата со заеднички напори, вакцинација и владеење на правото

July 1, 2021 10:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со заеднички напори да се вратиме на старите патеки на кои бевме и да ги подобриме перформансите во билатералната економска соработка, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на денешната деловна средба на македонски и хрватски бизнисмени, што се одржува во Загреб, на вториот ден од неговата официјална посета на Хрватска.

Во македонската бизнис делегација се стопанственици од Сојузот на стопански комори, а средбата е организирана заедно со Хрватската трговска комора. На собирот се разгледуваат потенцијалите за продолжување на соработката од пред пандемијата, со фокус на можностите за нови инвестиции.

Претседателот Пендаровски истакна дека пандемијата нанесе огромни штети на економиите во двете држави и изрази надеж дека погодените сектори како што е туризмот многу бргу ќе се вратат во нормала, со отворање на границите. За тоа, потенцираше тој, особено е важна вакцинацијата против Ковид-19 и добро е што се забележува висок процент на вакцинирани и во двете држави.

– Без вакцинација нема сигурен развој на економијата и враќање во она што било претходно. Вашите проценти се нешто повисоки од нашите, но можам да кажам дека и кај нас во Северна Македонија има значително помасовна фаза на имунизацијата и очекувам дека во следните над месец и половина ќе дојдеме над половично мнозинство на вакцинирани, така што вратите пополека се отвораат за враќање на старите патеки, рече Пендаровски.

Како што наведе шефот на државата бројките во трговската соработка во изминатата година се намалени, но намерата на бизнис заедниците од двете страни  во неколку клучни сектори е таа да биде и над нивото од пред пандемијата.

– Оптимистичките сценарија за македонската и хрватската економија се дека четвртиот квартал годинава може да донесе поголеми стапки на економски раст и практично да биде предвесник на она што ќе се случува следната година кога би можеле да  очекуваме целосно враќање  на економскиот потенцијал како што беше пред 2020 година, потенцираше Пендаровски.

Тој потсети дека економските политики во пандемискиот период беа прилагодени на здравствената криза, наведувајќи дека како и во Хрватска, така и во нашата држава беа донесени шест пакети антикризни мерки, од кои само првите  четири беа со вредност од над милијарда евра. – Во таа насока ќе продолжиме да ги стимулираме гранките што беа особено погодени, истакна Пендаровски.

Кога разговараме за економската соработка помеѓу двете држави, но и со другите држави од регионот, нагласи Пендаровски, јасно е дека пандемијата не е единствената причина зошто економската соработка не е на уште повисоко ниво.

– Во нашата економија јасно е дека не се зависи од луѓето во бизнис секторот, јасно е дека  се многу значајни стабилноста и интегритетот на институциите, најважно е владеењето на правото, најважно е корупцијата да се сведе на најниско можно ниво за странски инвеститори и бизнисмени да доаѓаат во држава која има предвидлива бизнис клима и стабилен бизнис систем кој може да ги штити нивните  права, рече Пендаровски.

Во таа насока, укажа претседателот на Републиката, кај нас се работи интензивно со оглед дека сме на прагот за почеток на преговори со Европската унија.

– После долги години мислам дека можеме да направиме пробив на тој план, посочи Пендаровски, додавајќи дека за бизнисот е важно тоа што станавме членка на НАТО, што меѓу другото е предуслов државата да биде ставена на мапата на земји со предвидлива иднина во која може да инвестираат.

извор: МИА

Next Post

Бизнис панел на Преспа форум: Побрз развој и интергација на регионот преку држави без царини и без тарифи

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk