Судскиот комитет на Претставничкиот дом во САД ја одобри Резолуцијата 755, според која ќе се поведе постапката „импичмент на Доналд Трамп за кривични дела и прекршоци“. Одлуката за импичмент на Трамп доаѓа по долгата, гласна и горчлива републиканска одбрана на Претседателот, која траеше два дена и осумнаесет часа, што беше кошмар за проверувачите на фактите за полувистините и трампистичките изјави.
Гласањето за импичмент беше предвидливо, по партиски линии, но сега е секако сигурно дека следната недела, Претставничкиот дом ќе гласа за отповикување на Претседателот, така што тој ќе има време да се врати дома за Божиќ, пишува, меѓу другото, Сузан Б. Гласер во својата колумна во Њујоркер.