ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мојсовски: Младите во секоја институција имаат партнер за соработка

July 1, 2021 14:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младите во Република Северна Македонија се со јасна визија. Тие не сакаат да бидат дел од онаа бројка, која пред неколку години ја збогати статистиката на иселени луѓе од државата, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски во своето обраќање на панел дискусијата „Визија на младите за иднина на регионот на Југоисточна Европа“ што се одржа денеска во Отешево во рамки на првата конференција „Преспа форум за дијалог“.

Влијанието на младите во земјава, според него, се повеќе станува видливо, а тоа се потврдува и со политиките на Владата насочени кон нив.

– Tоа не се случи преку ноќ. Не се случи одеднаш. Туку тоа се должи на макотрпна работа, на младинските организации, на колективните и индивидулните барања на младите луѓе, на партнерскиот однос, кој се успеа да се постигне меѓу нив и институциите, истакна Мојсовски.

Младите во земјава, нагласи, се свесни дека заслужуваат исто што и нивните врсници од развиените земји, членки на Европската Унија.

– Тие се упорни да го постигнат тоа, да допрат до нас институциите и да издејствуваат решенија, мерки и проекти кои ќе им обезбедат светла иднина тука. Мојот впечаток е дека сега, како никогаш досега, младите веруват дека тоа може да го постигнат бидејќи во секоја институција имаат партнер за соработка, кои со голема сериозност ги уважуваат нивните барања, рече директорот на АМС.

Младите во Северна Македонија, додаде, својата иднина ја гледаат како дел од Европската Унија.

– Сакаат со своите врсници од другите земји да разменуваат искуства, да учат едни од други, да се поблиски и со услови и со стандард. Сакаат модерен регион, каде секој млад човек си го наоѓа своето место каде ќе создаде исполнет живот, рече Мојсовски.

Според него, младите од регионот иако зборуваат различни јазици имаат иста цел, сакаат да имаат можности и право на избор, да може сами да одлучуваат и да влијаат во општеството.

извор: МИА

Next Post

Османи: Предлогот на португалското претседателство е прашањето за јазикот да се реши со две унилатерални изјави

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk