ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хан: Непочнувањето на преговори со Северна Македонија и Албанија е неуспех за Унијата

July 2, 2021 13:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Непочнувањето преговори на Северна Македонија и Албанија за пристапување кон Европската унија е јасен неуспех на Унијата, нагласи поранешниот еврокомесар Јоханес Хан во излагањето на панел дискусијата „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан“, која денеска се одржува во Охрид во рамките на „Преспа форумот за дијалог“.

Хан, чие име е поврзано со клучни политики со проширувањето на Унијата, а сега надлежен за Буџетот изрази жалење за таквиот чекор, посочувајќи дека Европската комисија донесе многу извештаи за испорачани резултати на двете земји.

– Многу беше кажано за неспособноста на ЕУ да ги започне преговорите за пристапување кон Унијата за Северна Македонија и Албанија. И јасно е дека нема што да кажам во врска со ова. Ова е јасен неуспех од наша страна и жалиме дека сме таму и зошто е така. Јасно и потвдено е дека ЕК донесе многу извештаи дека овие земји испорачаа резултати и отсекогаш велевме откако тие ќе испорачаат, мораме и ние да испорачаме резултати, а ние тоа не го направивме досега. Затоа се надевам дека словенечкото претседателство, иако шест месеци е кратко време, но во политиката некогаш може и да биде доволно за да се постигне нешто, рече Хан.

Смета дека политичарите се тие, кои треба да носат одлуки, а не експертите и научниците.

– Постои начин доколку политичарите се тие кои ги носат одлуките, ако оставиме на експертите и научниците нема да има резултати. Но, клучната надлежност на добар политичар и добар водач, како што видовме во Преспа е да се постигне договор, компромис, кој е победничка ситуација за сите. Да се има компромис значи да се покаже водство, затоа што од една страна ги браните некои позиции, а од друга страна двете страни имаат корист доколу се изнајде договор. Па затоа дојде времето кај политичарите кога тоа треба да се разреши, нагласи Хан.

Навраќајќи се на она што ЕУ и САД може да го направат, посочи дека треба да инвестираат во економскиот развој, но неизоставен дел треба да биде и владеењето на правото.

– Секако и проади ситуацијата со која се соочуваме внатре во Унијата, видовме настани кои не ги претпоставивме во минатото. И нашиот договор има слабости во врска со тоа како да се дејствува, кога се соочуваме со проблеми во некоја од нашите земји членки. Владењето на правото, како нов инструмент треба да биде спроведен, рече Хан.

По започнување на преговорите со Унијата, подвлече дека владеењето на правото е клучен елемент, кое смета дека е поврзано и со економскиот развој.

Како одговорен за Буџетот во Унијата, Хан, посочи дека за регионот се издвоени 9 милјарди евра неповратни средства и уште 20 милјарди за кредити, забележувајќи дека се најпоолни.

Генералниот секретар на заедницата на демократии, Томас Гарет, потсетувајќи дека Севрна Македонија е последниот член на Управувачкиот одбор на заедницата, која претставува меѓувладина коалиција, која поддржува спроведување демократски вредности и заеднички активности на овие вредности говорејќи за демократијата нагласи дека земјава е пример за постигнување напредок преку соработка.

– Северна Макеоднија е пример каков напредок може да се постигне со синергија, соработка и градење мостови, кои водат до постигнување на споделени цели. Квалитетите на спогодбите од Преспа и Охрид и помогнаа на Севрна Македонија, но помагаат и одново да се воспостави оваа синергија, рече Гарет. 

извор: МИА
Next Post

Досега 346.836 граѓани вакцинирани против Ковид-19

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk