ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Обезбедуваме нов и ефикасен пристап во справувањето со родово базираното насилство

July 2, 2021 16:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на  Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство денеска ја одржа првата конститутивна седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Формирањето на ова тело произлегува од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Негова основна задача е да го координира работењето на институциите во делот на превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, како и да ја подготвува и следи реализацијата на националните политики од оваа област.

„Мултисекторскиот пристап на институциите и продуктивната соработка со граѓанскиот сектор е од клучно значење за  препознавањето, превенцијата и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство, како и реинтеграцијата на жртвите на насилство. Воспоставувањето на ова тело, претставува нов и ефикасен пристап кон навремено препознавање и справување со родово – базираното насилство во нашата држава“, оцени министерката Шахпаска.

Националното координативно тело, меѓу другото, има задача да предлага мерки за унапредување на превенцијата и заштитата од насилството врз жените и семејното насилство,  но и да го следи спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство и националните политики од областа на родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, позната како Истанбулска Конвенција.

„Насилството не препознава пол, вера, нација, образование, професија, политичка партија, како од страна на жртвата, така и од страна на насилникот. Затоа, за нас како општество, од огромно значење е носењето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој произлегува од Истанбулската конвенција,  која е ратификувана и во Северна Македонија“, истакна министерката Шахпаска.

Во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на  Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, со кое претседава министерката Шахпаска, членуваат  претставници од ресорите за труд и социјална политика, правда, внатрешни работи, здравство и образование и наука , но и претставници од граѓанскиот сектор, Организацијата на работодавачи и Сојуз на синдикати.

Министерката Шахпаска најави дека Националното координативно тело во наредниот период ќе ги разгледа и подзаконските акти на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство на кои во моментов работи Министерството за труд и социјална политика со поддршка на меѓународни партнери.

„За Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија приоритет е да имаме брза и ефикасна постапка за заштита на жртвите, нивна реинтеграција во системот како и да обезбедиме превенција во насока на намалување на насилството. Ова Национално координативно тело ќе има значајна улога во зајакнување на институционалниот одговор, но и во поефикасната меѓуресорска координација“, рече министерката Шахпаска.

 

 

Next Post

Силните транс-атлантски врски меѓу Вашингтон и Брисел ги прават силни и Европа и Западен Балкан

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk