ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ципрас: Европското семејство продолжува напред со согласност, а не преку негации и вето

July 2, 2021 20:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека наредниот период Бугарија треба да го вложи секој напор за да не претставува дел од проблемот, туку дел од решението, порачува поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, коментирајќи го последното вето од Бугарија  на евроинтеграците на Северна Македонија.

Ставот на Бугарија,  наведува Ципрас во интервју за ТВ 24, навистина беше непријатно изненадување и за мене, бидејќи првите чекори од напорот заедно со Зоран Заев, пред да го потпишеме Договорот од Преспа, тој период Бугарија не беше негативна. Напротив, беше охрабрувачка.

-Го разбирам разочарувањето што може да го чувствуваат граѓаните на Северна Македонија додека гледаат дека еден договор што бараше промена на Уставот, промена на уставното име и по жртвите што ги направија граѓаните геладат дека европската перспектива останува заматена. Верувам дека треба наредниот период Бугарија да го вложи секој напор за да не претставува дел од проблемот, туку дел од решението. Ќе треба да го вложи секој напор, така што ќе се најде излез и да не настојува на алтернатива без илез-вето. Европското семејство продолжува напред со согласност, а не преку негации и вето. Верувам дека ЕУ во целот треба да ја охрабри Бугарија да следи правилен пат, вели Ципрас.

Коментирајќи ја имплементацијата на Договорот од Преспа, истакнува дека таа е значајна и неопходна  и оти треба да продолжи напорот во таа насока за да се задржи довербата меѓу двете страни.

– Ќе треба следниот период да се забрза промената на името на јавните субјекти во Северна Македонија, така како што јасно дефинира Договорот од Преспа. Исто така, ќе треба наскоро да продолжиме со решавањена проблемите коишто постојат во врска со трговските имиња.И да се имплементира Договорот од 2019 година, во врска со промените во училишните книги во Северна Македонија. Од страна на Грција ќе треба и таа да продолжи во реализацијата на нејзините обврски.  Ќе треба наскоро да се ратификуваат двата меморандума за соработка и едниот договор. На крајот на краиштата взаемно корисни се овие договори коишто треба да се ратификуват од грчкото Собрание.  Ќе треба да продолжи перспективата на Врховниот совет за соработка на двете земји . И се разбира промените што ги забележавте на патните знаци, бидејќи зачувувањето на довербата е значајна димензија. А, зачувувањето на довербата може да постои само преку целосна имплементација за се она што договоривме, навремено, вели Ципрас.43

Next Post

Кацарска: Нема да дозволам никој да ми каже како да работам

Shortcut

Најново

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk