ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН: На првиот повик за кариерен напредок 141 наставник унапредени во звање ментор

July 3, 2021 10:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, преку избор на прв јавен оглас, во звање ментор се унапредени 141 наставник од основните училишта, за што веќе се известени кандидатите и раководствата на училиштата. Со ова за првпат, после цела деценија, Министерството за образование и наука, системски ги решава долгогодишните барања на наставниците за можност за кариерен напредок и развој, соопштуваат од МОН.

Оттаму нагласуваат дека сите наставници кои се унапредени ќе го остварат правото на додаток на плата од околу 3.000 денари, по основ на напредување во звање ментор, со почетокот на новата учебна година, за што веќе се обезбедени средства во буџетот на Министерството за образование и наука.

„Наставник-ментор е трето ниво во професионалниот развој, по приправничкото и наставничкото ниво. Менторот, освен што треба да го води наставникот- почетник низ училишни активности и да му помага во стекнувањата на потребни умеења и вештини за самостојна работа како наставник, ги менторира и студентите од факултетите за наставници, користи иновативни приоди и им помага на колегите во спроведување на акциски истражувања и учествува во изготвување на развојни политики на училиштето.

Исто така, наставниците- ментори ќе бидат вклучени во спроведувањето на новата Концепција во основно образование, која стартува од септември годинава во прво и четврто одделение, а реформските процеси во деветолетката целосно ќе се имплементираат во следните 5-6 годдини.

За еден наставник да може да аплицира за остварување на правото  кое произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта чија цел е подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност, потребно е да исполнува неколку услови: да има најмалку 7 години работни искуство како наставник, да е вработен на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.

Во меѓувреме, Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е вториот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање ментор е објавен на следниот линк. Во самиот повик е наведена листата на училишта на кои се однесува истиот.

Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 15 јули 2021 година.

Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од наведените јавни основни училишта во повикот, доколку ги исполнуваат условите, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.

Одбиените кандидати од првиот јавен повик имаат можност за поднесување на жалба по основ на објавените резултати до соодветната комисија, откако на домашна адреса ќе го добијат решението со кое нивната апликација се одбива.“, посочуваат од Министерството за образование и наука.

Next Post

(ВИДЕО) Вежба на Армијата со Црвениот крст - изведување на планински спасувачки операции во случај на планински несреќи

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk