ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис: Грција ќе продолжи да ги поддржува земјите од Западен Балкан за интеграција во ЕУ

Грција игра клучна улога во економскиот развој на целиот балкански регион, потенцираше грчкиот премиер

September 28, 2019 10:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Климатските промени, бегалскиот проблем, кипарското прашање, односите со Турција, но и европската перспектива на земјите од Западен Балкан беа темите на кои се осврна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на Генералното собрание на ОН.

„Во однос на нашите соседи на север, Грција ќе продолжи да ги поддржува напорите на сите земји од Западен Балкан да се интегрираат во Европската унија, доколку ги исполнуваат нивните меѓународни обврски кон Европската унија и нивните обврски кон соседите. Грција игра клучна улога во економскиот развој на целиот балкански регион, благодарение на трговските можности што ги нудат нејзините пристаништа во Пиреас и Солун, како и нејзината позиција како важен инвеститор во Југоисточна Европа. Ќе продолжиме, уште поинтензивно, да го правиме тоа во иднина“, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер детално говореше за бегалското прашање, порача дека Грција стигнува на границите на нејзините можности за справување со проблемот и не може сама да го поднесе товарот, истакна дека е потребен колективен пристап со праведна распределба на одговорностите во рамките на ЕУ, како и почитување на договорот меѓу Унијата и Турција.

„Треба на нашите европски партнери да им го кажеме очигледното: Грција не може сама да го поднесе товарот на масовното движење на луѓето кои бегаат од војните и угнетувањето или едноставно бараат подобра иднина, како што е случај во последно време. За овие луѓе, Грција не е нивната крајна дестинација. Доаѓаат во Европа преку нашата надворешна граница, која всушност е грчката граница“,  рече Мицотакис.

Во однос на климатските промени, грчкиот премиер рече дека Владата планира да усвои нова национална стратегија за енергија, животна средина и клима пред крајот на годинава, а ќе вклучува забрана за користење пластика за една употреба до крајот на 2021, затворање на сите електрани на лигнит до крајот на 2028 година, како и иницијативи за заштита на културното наследство од климатските промени.

Извор: МИА

Next Post

Јуратовиќ: Ќе му кажам на Макрон зошто Северна Македонија треба да почне преговори со ЕУ

Discussion about this post

НАЈНОВО

Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива Ла Манш

August 26, 2025

(ВИДЕО) Слот за Рио Нгумохија: Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

August 26, 2025

Три медали на македонските каратисти на Универзијадата во Полска

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk