Со почеток од 13.00 часот денеска во спортската сала „Борис Трајковски“, СДСМ, ќе одржи граѓанска трибина „На Прав Пат“, на која ќе се обрати претседателот на патијата Зоран Заев, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Ајде заедно, од Скопје, уште еднаш да го потврдиме вистинскиот пат. На прав пат сме и горди сме на тоа! Тоа е патот на напредокот, сигурноста, стабилноста, патот на повисоки плати и пензии, достапни лекови, инвестиции во инфраструктурата, членството во НАТО и ЕУ, патот кој носи повеќе пари кај граѓаните, стабилност, безбедност, раст и развој“, стои во најавата од СДСМ за трибината која ќе се одржи денеска.