ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ние и Америка

July 4, 2021 16:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Денес е 4 јули, Денот на независноста на нашиот најголем сојузник и пријател, САД.

За сите оние што не веруваат во оваа констатација, еве неколку неоспорни историски факти од блиското и далечното минато:

– Американскиот претседател Вилсон беше меѓу ретките државници кој во Лигата на народите (а и пред тоа) јавно говореше и се залагаше за независност на Македонија и за слобода за малите балкански народи. За разлика од други големи сили кои биле против тоа. На пример, Русија.

– По осамостојувањето на нашата држава во 1991, додека Милошевиќ и неговата војска се закануваа и упаѓаа нон-стоп на македонска територија, во летото 1993 година, Америка прати 330 војници на линијата на демаркација со Србија, и испрати јасна порака до северниот сосед, со што де факто ја поддржа и ја гарантираше независноста и сигурноста на македонската држава. Без таа интервенција и заштита, можете да замислите што ќе нè снајдеше.

– Америка е заслужна и за тоа што конфликтот од 2001-ва не прерасна во војна. Токму американскиот притисок беше пресуден за смирување на конфликтот, потпишување на Рамковниот договор, со кој се гарантира унитарноста и единственоста на земјата, како и еднакви права за припадниците на сите народи што живеат во неа.

– Освен тоа, да не заборавиме, САД се најзаслужни за спречување и смирување на многу наши внатрешни кавги и глупости, вклучувајки го огромниот придонес и за спречување на обидот за државен удар и поттикнување граѓанска војна со крвавиот упад во Собранието на 27 април 2017. За разлика од некои други сили и земји, чии што структури учествуваа во организирање на тој грозоморен настан, и кои постојано работат, и ден денес, на создавање на конфликти, омраза и насилство во нашата земја.

– Америка од 1990-та наваму истурила милијарди долари неповратна помош во подобрување  на нашиот живот, изградба на наши училишта, болници, водоводи, канализации, заштита на културното наследство, изградба на капацитети на институциите, невладиниот сектор, помош на земјоделци, мали бизниси итн. За разлика од некои други моќни земји од Истокот, кои инвестираат многу помалку пари, но не во изградба и поддршка на нашиот развој, туку во рушење на нашата татковина.

– Да не заборавиме и на клучниот придонес на САД за затворање на тридеценискиот спор со Грција, што овозможи влез на земјата во НАТО, најмоќниот воено-политички сојуз во историјата на човештвото, со што се стави крај на сите дилеми за опстанокот и иднината на нашата држава, и му донесе светли перспективи за напредок на целиот Балкан, на нашиот регион кој со векови е познат како „буре барут“ и место за крвави војни меѓу соседите.

Затоа и не само затоа, треба да сме горди што имаме такви сојузници и пријатели. Thank you, and happy Independence Day, USA!


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани

Next Post

Џенрик: Во Британија носењето маски ќе биде личен избор

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk