ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Нема нови рестрикции, Заев ќе учествува на Берлинскиот самит, денеска резултатите од државната матура

July 5, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Засега нема нови препораки или воведување на нови рестриктивни мерки, информираа од Министерството за здравство. Од Министерството посочуваат дека ја следат епидемилошката состојба во земјава и регионот.

КОМЕНТАР од Иван Дургутов: Македонската дипломатска гостопримливост и зошто навистина можеме.

Премиерот Зоран Заев попладнево ќе учествува на Берлинскиот самит за Западен Балкан. Самитот, како што соопшти владината прес-служба, ќе го отвори германската канцеларка Ангела Меркел.

Поттикнување на земјите од Западниот Балкан да манифестираат дух на компромис со цел да се постигнат конкретни резултати во однос на спроведувањето на проектот за Заеднички регионален пазар, се очекува да биде главна тема на денешниот виртуелен самит на Берлинскиот процес, чиј домаќин е Германија.

Предлог-законот со кој ќе се воведе еколошка такса на горивата се носи по скратена постапка поради Парискиот договор за климатски промени, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Филмот „Колку брусници има во светот?“ на режисерката Лена Копел, ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката. Станува збор за драма комедија од шведска продукција која има за цел да влијае врз развојот на свеста за луѓето со попречености и предизвиците со кои тие се соочуваат.

Мала пошта бр. 1310, омилена на граѓаните од населбата Перо Чичо во Куманово конечно доби ново руво (ФОТО ГАЛЕРИЈА).

Во организација на Иницијативата за забрана на пластични кеси, вечер во Социјалниот центар „Дуња“, ќе се одржи трибина под наслов: „ЕУ ја забранува пластиката, а ние?“.

Директорката на Државен испитен центар Елизабета Наумовска денеска ќе ги соопшти резултатите од екстерните испити од државната матура јуни 2021 година.

На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека 30 до 40 минути, а на останатите премини нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

Во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа- Палиоури на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Северна Македонија, откако, од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а неговиот сопатник е повреден.

Кавадарчанец пријавил во полиција дека колега од работа земал брз кредит во негово име, добил и закани по живот од блиски на колегата. Од неговата трансакциска сметка, колегата испразнил над илјада евра.

Завршија финалните натпревари од кошаркарските олимписки квалификации. Нивни победници се репрезентациите на Словенија, Германија, Италија и Чешка, кои ги добија последните четири билети за Олимписките игри во Токио. Познат конечниот состав на групите за олимпискиот турнир.

Ј. Ѓ.

Next Post
Апостол Симовски, Директор на ДЗС (фото: МИА)

Симевски: Нема ново одложување на пописот

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk