ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Изгласана предлог-одлуката за формирање Координативно тело за „Скопје – кандидат за Европска престолнина на културата“

July 6, 2021 16:07
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-одлуката за формирање на Координативно тело „Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата“, денеска беше изгласана на Седницата на Град Скопје.

Со оваа одлука се предлага формирање на специјално тело чија цел е координирање на активностите што произлегуваат од кандидатурата за оваа титула.

Специјалното тело е составено од претседател заменик-претседател и 19 членови, а истите претставници се вработени во Град Скопје, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за култура, јавните културни институции на Град Скопје и Северна Македонија, како и претставници на граѓанското општество.

Како претседател на специјалното тело е избран Никола Наумоски, раководител на Сектор за поддршка на градоначалникот.

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ  на денешната Седница истакна дека Скопје – Европски град на културата е одлична идеја, но сепак имаше забелешки околу формирањето на координативното тело, за што посочи дека лицата избрани да раководат со ова тело не се доволно компетентни и упатени во културата.

Европска престолнина на културата е програма на Европската Комисија започната во 1985 година. Во периодот од 1985 до 2021 година, оваа титула е доделена на околу 60 градови од 30 земји од Европа, меѓу кои се повеќе градови од Југоисточна Европа, а од 2021 и на градови од земји кандидатки за Европска Унија.

Програмата има за цел да го нагласи богатството и разновидноста на културите во Европа, да ги празнува културните карактеристики кои европските граѓани ги споделуваат, исто така има за цел да го зголеми чувството на припадност на европските граѓани кон една заедничка културна област и да го поттикне придонесот на културата во развојот на градовите.

Кандидатурата на Скопје за Европска престолнина на културата ја води проектен тим составен од експерти од полето на културата и сродните дејности ангажирани преку ЈУ Универзална Сала. Тимот во соработка со странски консултанти ги дефинира фазите на кандидатурата и изработува акциски план за реализација на активностите.

Кандидатурата се состои од три фази, првата фаза е фаза на подготовка до есен оваа година, кога се објавува повикот за поднесување на прва пријавна книга. Втората фаза е до есен 2022 година, кога се пишува и доставува првата пријавна книга.

До крајот на 2022 година ќе се знае дали Скопје е дел од градови кои одат во вториот круг на селекција.

Третата фаза од кандидатурата се спроведува од крајот на 2022 до втората половина на 2023, во рамки на која се подготвува и предава втората пријавна книга, по која ќе се одлучи кој ќе биде градот носител на титулата за 2028 година.

извор: МИА

Next Post

ДУИ смета дека треба усогласување на резолуцијата помеѓу партиите, Алијансата за Албанците и препорачува на Владата да биде внимателна

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk