ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДУИ смета дека треба усогласување на резолуцијата помеѓу партиите, Алијансата за Албанците и препорачува на Владата да биде внимателна

July 6, 2021 16:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаа средби со свои колеги од ДУИ и од Алијансата на Албанците за поддршка на нивната резолуција за евроинтеграцискиот пат на земјата.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми изјави дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата помеѓу сите парламентарни партии за да се осигураат дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ.

-Не треба да правиме ништо што ќе биде спротивно на ЕУ интеграцијата. ДУИ смета дека јазичниот, историскиот и културниот идентитет не е прашање за дискусија и не е прашање за политичко договарање. Следствено цениме дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата помеѓу сите парламентарни партии и да се осигураме дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ, рече Адеми по средбата со пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Халил Снопче, од коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива изјави дека ги слушнал образложенијата на неговиот собраниски колега и оти останува тоа да го пренесе во партијата.

– За нас е важно како партија е Македонија да продолжи со интегративните процеси. Нашата Влада и целокупното општество во државата да се продолжи со залагањата за  интеграција во ЕУ, тоа е главна цел за државата. Владата да биде внимателна и во разговорите и во реформите. За нас се многу битни добрите односи во регионот, па следствено и со Бугарија. Препорачуваме до Владата да биде внимателна, изјави Снопче.

Изрази надеж дека за резолуцијата ќе има дебата во Собранието.

-Има еден проблем. Ние имавме изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека оваа резолуција и штети на меѓународните тенденции на земјата, но исто така имавме и изјава на пратеникот од СДСМ Костадинов дека оваа резолуција е добра. Логично би било партиите на власта да имаат заеднички став, рече Снопче.

ВМРО-ДПМНЕ предложи резолуција за евроинтеграцискиот пат на државата, која што се уште е во дрфат верзија, а во изминатите два дена лобираше во парламентарните партии таа да биде прифатена. Начелна поддршка доби од македонските партии од власта СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС.

извор: МИА

Next Post

Во светот од коронавирус починале четири милиони луѓе

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk