ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Забрчанец: Потребна е проактивност, наместо реактивност во борбата со дезинформациите

July 8, 2021 13:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец

Share on FacebookShare on Twitter

Потребна е поголема проактивност, наместо реактивност во борбата против дезинформациите и лажните вести. Ние ја имаме јасната приказна, јасните вредности и не треба да се криеме. Треба да го искористиме тоа за промоција на нашите вредности, изјави националниот координатор за комуникации, Марјан Забрчанец на регионалната конференција „Ширењето на дезинформациите за време на пандемијата и нивното влијание на Западниот Балкан“, во организација на Регионалниот совет за соработка.

Според Забрчанец потребни се неколку чекори во проактивноста, како што е засилена активна транспарентност, користење на дигитални комуникации, соработка со засегнатите страни и зајакнување на медиумската писменост.

-Ние сме на главниот пат и ги промовираме цивилизациските вредности. Противниците наши се во мрачните тунели, кои користат дезинформации и ботови, рече Забрчанец и додаде дека случајот со лажните вести од Велес за американските избори во 2016 биле аларм за будење на нашите институции за преземање на конкретни чекори во борбата со дезинформациите.

-Случајот Велес не направи познати по извозот на дезинформации, иако тогаш како држава не можевме да преземеме ништо, бидејќи вестите се споделуваа на платформи во САД. Овој случај ги алармираше институциите во Северна Македонија и не натераа да размислуваме за модели за превенција на вакви напади на демократијата. Моделот за кој зборуваме е развиен, делумно, благодарение на случајот  Велес, кажа Забрчанец.

Нагласи дека особено е потребна брза реакција во кризни моменти, а такво е искуството за време на пандемијата.

Тој нагласи дека Владата пред почетокот на пандемијата, првпат креирала и воспоставила протокол за кризни состојби како стандард за комуникации.

-Кога нè погоди пандемијата, имавме документ во наши раце и имавме можност да започнеме со имплементација на сосема нов протокол. Како прво правило требаше да имаме одговор веднаш и да бидеме први што споделуваат информации во реално време, на пример откако ќе добиеме податок за бројката на нови случаи или мерки. Ние први излегуваме и ги споделуваме фактите, изјави Забрчанец.

Тој додаде дека се водела вистинска трка помеѓу информациите и фактите од една страна и од друга дезинформациите и оние кои споделувале лажни вести и лаги.

-Во многу случаи ние први ги споделувавме информациите, а непријателите не следеа споделувајќи реакции со дезинформации. Се разбира, вообичаено се случува спротивното, ние сме тие што реагираат на дезинформација, но кога како Влада информациите ги имаме во наши раце, многу е корисно да ги споделиме јавно, да не ги криеме, туку да бидеме проактивни, транспарентни и да ги споделуваме фактите и информациите со јавноста, кажа Забрчанец.

На конференцијата истакна дека успеале да воспостават нов начин на комуникација со медиумите.

-Мислам дека први во регионот организиравме онлајн конференции за печатот, изјави тој и додаде дека се уште кај нас се користи моделот за прес-конференции преку „Зум“, каде министерот за здравство речиси секојдневно ги брифирал новинарите за најновата сосотојба со коронавирусот и одговарал јавно на сите поставени прашања.

-На прво место е неопходна соработка со медиумите и новинарите, со медиуми и одговорни организации кои во вистинско време можат да одговорат на должноста, да споделат факти и точни информации, односно да ги споделат новите мерките со граѓаните, вели Забрчанец.

Тој кажа и дека неопходно е да се активираат и проверувачите на факти, затоа што во контекст на „брз одговор“, тоа значи итна реакција на дезинформацијата.

извор: МИА

Next Post

Засега нема рестриктивни мерки на границите

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk