ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шабани: Со новите образовни политики создаваме кадри со употребливи знаења и практични вештини

July 8, 2021 14:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Создавањето кадри кои ќе поседуваат реални, употребливи знаења и практични вештини со кои ќе можат соодветно да одговорат на предизвиците на работните места е приоритетна цел на соработката помеѓу Министерството за образование и наука, бизнис заедницата, локалните самоуправи и Амбасадата на Швајцарија, што интензивно се продлабочува во изминатите неколку месеци во сферата на образованието.  Со силно партнерство и одлучност во креирањето на нови образовни политики, со кои особено се унапредува средното стручно образование во земјава, создаваме услови за обезбедување на потребниот кадар за компаниите, но и ја зголемуваме можноста за вработување на младите и нивна подобра иднина во државата, рече заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани во обраќањето на конференцијата „Синергија на партнерите во обезбедување на пазарно-ориентирано стручно образование и обука“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и проектот Е4Е@мк, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка.

„Огромна е честа и задоволството да се учествува на денешната Конференција, чија главна цел е да се акцентира улогата на коморите и организацијата на работодавачи во процесот на подобрување на политиките за вклучување на компаниите во стручното образование и обука, како и постигнување синергија на партнерите во креирање пазарно-ориентирано стручно образование и обука за обезбедување стручен кадар според напредните технолошки процеси и организациската поставеност на компаниите“, нагласи Шабани.

Заменик министерот потсети дека во заеднички дијалог меѓу стопанските комори, локалните самоуправи и средните стручни училишта, Министерството во изминатиот период ги усогласи и креираше новите струки во средните стручни училиштa, посочувајќи дека дијалогот продолжува во делот на високото образование.

„Преку кампањата ‘Учи паметно, работи стручно’, поддржана од Амбасадата на Швајцарија создаваме средно стручно образование, кое особено преку дуалното образование што го воведовме во најголем дел од училиштата, обезбедува кадар баран од компаниите. Истовремено, ова е солидна основа за продолжување во високото образование, посебно на техничките факултети, кои изминатиот период беа помалку атрактнивни за младите. Затоа, заедно со бизнис заедницата и со факултетите, започнуваме уште еден процес на усогласување на факултетските наставни програми, кои ќе осигураат квалитетно образование и истовремено ќе им овозможат на студентите адекватно знаење и функционални вештини, што пазарот на труд ги препознава и прифаќа“, укажа Шабани.

Преку дијалогот на ниво на општини, се оформија 97 паралелки во 46 средни училишта кои заедно со над 200 компании ќе спроведуваат концепт на дуално образование во учебната 2021/22 година. Младите покажаа интерес за овој концепт, затоа што се фокусира повеќе на практична обука на работно место, наместо на изучување теорија во училница. Како поддршка на процесот, МОН изготви и презентираше целосно нова политика на стипендирање. Предвидени се 2.000 стипендии во вредност од 3.500 денари на месечно ниво, за 9 месеци во годината, за сите запишани во дуална паралелка, како дополнителен мотив додека се учи, истовремено и да се остварува приход, кој многу им значи на младите.

 

 

 

Next Post

Бројот на вакцинирани во земјава надмина 400 илјади

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk