ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АЕТМ и ДПИ ќе соработуваат во борбата со сивата економија во е-трговијата

July 9, 2021 12:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел намалување на сивата економија во е-трговијата и зајакнување на меѓусебната соработка Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), потпишаа меморандум за соработка со кој се предвидува да разменуваат информации од заеднички интерес, да споделуваат тековни и нови искуства, да учествуваат на настани од областа за е-трговија, да разменуваат професионални совети и да придонeсуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите на страните.

Државниот пазарен инспекторат и Асоцијацијата, исто така, ќе организираат и заеднички активности поврзани со сивата економија во е-трговијата, кои ќе имаат за цел да влијаат на намалувањето на сивата екомонија во е-трговија и да го поттикнат работењето на е-трговците како регистрирани правни субјекти, следејќи ги прописите од законската регулатива, како и да поттикнат раст и развој на е-трговијата во земјава.

-Само со заеднички пристап можеме да влијаеме и да направиме посериозни промени. Потпишувањето на меморандумот означува заедничка реализација на активности кои ќе влијаат кон надминување на предизвиците со сивата економија во е-трговијата, меѓу кои најизразена е појавата на бројни нерегистрирани субјекти кои своите производи и услуги ги продаваат преку социјални медиуми, без издавање на фискална сметка или фактура за направената купопродажба. Ова е прв чекор од нашата соработка со Државниот пазарен инспекторат која во периодот кој следи ќе биде интензивирана во насока на заеднички придонeс кон намалување на сивата економија и понатамошен развој на е-трговијата, изјави Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ.

Преку потпишувањето на овој меморандум Државниот пазарен инспекторат се стекна со Почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

-Во време на брз пораст на е-трговијата во нашата држава и предизвиците кои таа ги носи со себе, како од аспект на контрола на работењето на е-трговците, што е и основна надлежност на ДПИ, така и од аспект на размена на искуства, информации за проблемите во работењето, но и потребата од соодветна законска регулатива, со цел да има коректна конкуренција и регулиран пазар, сметавме дека ни е потребно да оствариме една ваква соработка со АЕТМ, што секако е од обостран интерес. Оваа соработка ќе доведе до зајакнување на позицијата на ДПИ за поддршка на активности поврзани со е-трговијата, до реализација на заеднички проекти од областа на истражувањето, управување со знаење, промени и организациски развој, како и стратешки менаџмент и секако ќе доведе до зголемување на видливоста на работата и надлежностите на ДПИ на локално, регионално и национално ниво, изјави в.д. директорката на ДПИ, Анета Симеска Димоска.

извор: МИА

Next Post

Спасовски: За секоја кривична истрага ќе има и финансиска, ќе се открие потеклото на парите понудени за кауција

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk