ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Детектор: Повеќе од половина од граѓаните не се задоволни од квалитетот на образованието

Најслаба оценка добило средното образование – 2,79, нешто подобро е оценето високото образование – 2,84, а средната оценка за основното образование е 2,85.

December 15, 2019 18:05
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Помалку од тројка е средата оценка кај граѓаните ја дадоа за образованието, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на емисијата „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје.


Најслаба оценка добило средното образование – 2,79, нешто подобро е оценето високото образование – 2,84, а средната оценка за основното образование е 2,85.
Во споредба со последната анкета што за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања во мај годинава, се бележи намалување на средната оценка за квалитетот на образованието. Најмногу паднало средното образование.


Анкетата покажува дека повеќе од половина од граѓаните генерално не се задоволни од квалитетот на образованието, иако висок е и процент на граѓани кои сметаат дека образованието е квалитетно. 51,6 проценти од анкетираните изјавиле дека генерално не се задоволни од квалитетот на образованието а 44,8 проценти се задоволни.

Близу половина од граѓаните или 49,9 отсто не се задоволни од програмите во
образованиот процес за разлика од 26,3 отсто од анкетираните кои се задоволни.
54,4 проценти не се задоволни од квалитетот на учебниците, а 45,7 проценти од наставниот кадар.

Големо мнозинство граѓани смета дека земјите од регионот имаат поквалитетен образовен
процес. Над 40 проценти сметаат дека во споредба со земјите од соседството, образовниот процес во земјава е полош.

Кога станува збор за условите во училиштата, повеќе од третина од граѓаните сметаат дека бројот на ученици во еден клас или едно одделение е премал.

– Интересна е етничката поделба. Додека етничките Македонци се на став дека во паралелките има премалку ученици, нивните сограѓани, етничките Албанци се убедени во спротивното. Дури 44,9 проценти од анкетираните етнички Албанци сметаат дека во паралелките има преголем број на ученици.

Спротивно на ова, 42,1 проценти од анкетираните етнички Македонци сметаат дека во едно одделение или клас има премалку ученици, велат од Детектор.

Граѓаните сметаат дека повеќе пари за наставниците нема да ќе го решат проблемот со образованието кое го сметаат за неквалитетно.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници.

Next Post

Имиграцијата е 12 отсто од вкупното словенечко население

НАЈНОВО

Скриншот

САД и Јапонија потпишаа рамковен договор за снабдување со ретки минерали

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел го прими телото на заложник според договорот за прекин на огнот

October 28, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk