ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вакцинирани 27 лица со интелектуална попреченост од Заводот за рехабилитација на деци и млади во Топанско Поле како дел од теренската вакцинација против Ковид 19

July 9, 2021 15:31
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во просториите на Заводот за рехабилитација на деци и млади Скопје (Топанско Поле) денеска  беше извршена теренска вакцинација против Ковид-19 на корисници – лица со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените. Вакцинацијата ја изврши екипа на Здравствен дом Скопје.

27 корисници, од вкупно 29 кои долгорочно престојуваат во установата, ја добија првата доза од вакцините против Ковид-19. По препорака од одговорниот лекар од тимот за вакцинација, преостанатите двајца корисници ќе бидат дополнително вакцинирани штом нивната здравствена состојба го дозволи тоа. Вработените од заводот и центрите за социјална работа ги обезбедија потребните согласности за вакцинација од родителите или старателите на корисниците.

Дополнително, 11 вработени кои обезбедуваат директна грижа и поддршка за корисниците, исто така, примија прва вакцина против Ковид-19. Во текот на април, како дел од критичната инфраструктура, повеќе од 30 вработени во заводот веќе беа заштитени од ковид-19 со две дози вакцина. Со овие две акции за вакцинирање, повеќе од 80 отсто од вработените, практично сите вработени кои изразиле интерес и немаат медицински состојби кои би ја попречиле вакцинацијата, се заштитени од Ковид-19.

Министерството за труд и социјална политика во континуитет и во соработка со надлежните здравствени институции ги презема сите мерки за заштита од појава и ширење на Ковид-19 во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. На самиот почеток на пандемијата беа развиени посебни протоколи за групните домови и социјалните установи и беа обезбедени дезинфекциски средства и лична заштитна опрема за вработените и корисниците.

Навремените и соодветни мерки спречија масовно ширење на Ковид-19 и фатални последици кај сместените корисници и вработените во социјалните установи и групните домови во земјава.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и корисници на системот за социјална заштита кои досега не се вакцинирале да ги искористат достапните можности за вакцинирање против Ковид-19 и да го заштитат своето и здравјето на своите блиски​

Next Post

Авганистан ќе добие над 1,4 милиони вакцини

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk