ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Oбразованието е најмоќна алатка за позитивна трансформација на општеството

July 9, 2021 17:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од општество соочено со меѓуетнички конфликти пред 20-ина години, се трансформираме во мирно и хармонично општество за сите, за кое се заложи актуелната Влада преку своите мултиетнички и мултикултурни политики. Овој концепт ќе продолжи да се имплементира сé до конечно остварување на целите заради кои е креиран, да се изгради држава во која буквално сите ќе имаат чувство дека припаѓаат тука, дека ова е нивната татковина и тоа се луѓето, сограѓаните со кои треба да живеат, да работат и воопшто да создаваат заедничка иднина.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на панел-дискусијата посветена на етничката нетолеранција и национализмот во земјите од Западен Балкан, што втор ден се одржува виртуелно, како дел од Самитот за демократија во Југоисточна Европа, организиран од Меѓународниот републикански институт.

Царовска, како што информира Министерството за образование и наука, истакна дека не е лесно да се работи на овие цели.

-Затоа што лузните од едни времиња кога беа застапени некои други идеологии и визии, тешко избледуваат, но тоа не значи дека немаме напредок и дека треба да се откажеме од остварување на поставените цели. Напротив, како што посочив, напредокот е многу голем и тоа е мотив да продолжиме да работиме на сузбивање на, јас ги нарекувам „пороци“, кои го уништуваат човештвото повеќе од сите други пороци кои почесто се споменуваат во секојдневието, рече Царовска.

Министерката истакна дека во оваа насока, Владата на Северна Македонија е фокусирана на крупни промени во образованието како најдобар механизам преку кој се влијае на начинот на размислување и однесување на цели генерации. Идејата е учениците уште од најрана возраст, покрај стекнување на применливи знаења и вештини, да се насочат и кон вистински граѓански вредности кои ја елиминираат нетолеранцијата, меѓуетничката нетрпеливост, дискриминацијата и насилството во сите облици.

Реформите кои ги правиме во образованието ќе им помогнат на младите да прераснуваат во добри луѓе кои ќе знаат како да ги почитуваат различностите во општеството, односно соживотот со различни од себе, да го сметаат за придобивка. Ќе знаат да ја ценат важноста на родовото прашање, да разликуваат добро од лошо, да препознаваат и да одбегнуваат иницирање на секаков облик на насилство, вклучително и говор на омраза кој е особено застапен на интернет-просторот. Фокусирани сме и на медиумска писменост и препознавање и ненаседнување на лажни вести и овие теми се исто така дел од новите наставни програми изготвени врз основа на усвоена нова Концепција за основно образование во мојата земја, потенцираше Царовска.

Таа додаде дека силно верува во успешноста на планот за реформа на образованието кој ќе биде остварен на среден рок, затоа што е подготвен преку широк процес на јавна дискусија во која особено е земено предвид мислењето на експертската јавност, а, како што рече, државата има и голема поддршка од меѓународните партнерски организации, како Обединетите нации, Светска банка и други.

На панел-дискусијата, посочува МОН, покрај министерката Царовска учествуваа и повеќе други претставници на институции и граѓански организации од Северна Македонија и од Србија.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Пристигна донацијата од 100.000 вакцини на производителот „Астра Зенека“ од Грција

НАЈНОВО

Лукашенко негира вмешаност на Белорусија во инцидентите со дронови над Полска и Литванија

September 16, 2025
Фото: Скриншот, видео на Х

(ВИДЕО) Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

September 16, 2025

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk