ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: На прво место се приоритетите на граѓаните и затоа го исполнуваме тоа што со години го ветуваа претходниците

July 10, 2021 12:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заев денеска присуствуваше на стартот на работите на новиот градски пазар во Виница кој доаѓа како одговор на искажаниот интерес на граѓаните на Општината.

„Како еден од најзначајните капитални проекти за граѓаните на општината и за сите околни места, изградбата на градски пазар во Виница е од интерес и за регионот бидејќи неспорно е дека се создава пазаришен центар кој ќе биде од интерес на земјоделските производители и трговците од целиот регион. Станува збор за изградба на градски пазар кој има покриен и отворен дел и кој сега станува реалност иако беше претходно повеќе пати ветуван“, истакна премиерот Заев на настанот во Виница.

Во сите делови, додаде премиерот Заев, проектот ја предвидува оптималната функционалност за вакви објекти и со примена за сите потребни стандарди за овој тип комерцијални објекти кој води грижа и за придружните потреби на граѓаните како што е паркинг просторот и пријателски пристап за лицата со посебни потреби.

„Забележлива посебност на проектот за градскиот пазар е и неговата архитектонска вредност што ќе го направи објектот еден од најпрепознатливите во градот“, нагласи претседателот на Владата Зоран Заев на настанот по повод почетокот на работите на изградбата на градскиот пазар во Виница.

Како Влада, рече уште премиерот Заев, се обврзавме да ја зајакнеме децентрализацијата, да овозможиме максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво и тоа да го сториме со соодветен трансфер на финансиски средства за нивно извршување.

„Со проектот што го предложи Општина Виница, и кој Владата прифати да го финансира со средства од ТАВ програмата, ќе бидат заменети старите водоводни цевки со нови полиетиленски, со што ќе се подобри квалитетот на водата за пиење и ќе се обезбеди долгорочност на водоводната мрежа“, потенцираше премиерот Заев, и додаде дека Владата во соработка со Општина Виница финансиски учествуваше во изградбата и реконструкцијата на локална патна инфраструктура,  водоснабдителна мрежа, во изградбата на спортски објекти, и сето тоа за подобрување на животот на граѓаните и за поддршка на економскиот развој.

Градоначалникот на Виница Ивица Димитров во своето обраќање истакна дека капиталните инвестиции, вложувањата во инфраструктурни проекти на локално ниво се предуслов за подобрување на животот на нашите граѓани и остануваат приоритет за него како градоначалник.

„Затворениот градски пазар ќе биде лоциран на точно на местото од каде што пред 3 години заедно со Премиерот најавивме дека до крајот на мандатот ќе се започне со изградба на нов современ градски пазар, кој во последните 30 години е приоритет и потреба од повеќе аспекти за граѓаните на Општина Виница. Вредноста на овој капитален проект изнесува 29 милиони и 300 илјади денари, истиот ќе се протега на површина од 1810 м2, на 2 нивоа, составен од отворен и затворен дел“, информираше градоначалникот Димитров.

Next Post

Демант од МВР: Пратеникот Апасиев ги лаже граѓаните

Shortcut

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk