Австралиецот Александер Волкановски се чини долго време ќе владее во перолесната категорија на УФЦ, судејќи по одличната борба во која го победи Макс Халовеј синоќа во Лас Вегас и стана новиот шампион на УФЦ.
31-годишниот Волкановски, кој има македонско потекло по таткова страна и грчко од страна на мајка му, стана првиот ММА борач роден во Австралија кој освоил УФЦ титула.
Еден од судиите на УФЦ настанот 245 ги оценил сите рунди во корист на Волкановски со скор 50-45, а останатите двајца дале оцена 48-47 за Австралиецот.
Волкановски упати повеќе удари во секоја од рундите, а особено успешен беше во ударите по нога во победата врз ММА легендата Халовеј.
Сега во кариерата тој има осум победи од осум борби, а Холовеј го претрпе петтиот пораз.
„Австралија, го носам појасот дома!“, изјави Волкановски откако беше прогласен за УФЦ шампион во перолесна категорија.