ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Османи – Дендиас на маргините на Дубровник форумот

July 10, 2021 14:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Договорот за стратешко партнерство, акцискиот план за  имплементација на Договорот од Преспа, процесот на евоинтеграција, изградбата на интерконекторот, како и состојбите со пандемијата, ангажманите за справување со последиците и можностите на планот на туризмот, биле тема на разговор на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со неговиот колега од Грција Никос Дендиас, на маргините на Дубровник форумот.

На средбата, бил поздравен интензивниот политички дијалог и позитивната динамика во билатералните односи, за што, како што велат, говорат големиот број официјални и работни посети.

Османи, како што информираат од МНР, на средбата нагласил дека имаме Договор за стратешко партнерство кој треба да го имплементираме во позитивен дух и со добра волја со цел да обезбедиме чиста основа за непречена комуникација и на граѓаните и на бизнисот.

-Немаме дилема дека со продолжување на дијалогoт и заемната посветеност на исполнување на обврските преземени со договорот од Преспа, како и Акцискиот план за негова имплементација, се отвораат значајни дополнителни можности за унапредување на соработката која во континуитет ја надградува довербата меѓу двата соседи и претставува пример за добрососедски односи, пријателство и партнерство, изјави на средбата министерот Османи, се вели во соопштението од МНР.

За средбата на двајцата шефови на дипломатиите, како што јавува дописничката на МИА од Атина, преку „Твитер“ информираа и од грчкото МНР, но и самиот Дендиас и уште еднаш ја повторија поддршката на Грција за ЕУ перспективата на Северна Македонија, но и потребата за имплементација на Договорот од Преспа.

-Со МНР на С. Македонија Бујар Османи на маргините на ДФ2021. Нагласив дека доследно спроведување на Договорот од Преспа претставува предуслов за дополнително зајакнување на билатералните и односите на Северна Македонија со ЕУ. Грција ја поддржува европската перспективата на Северна Македонија по познатите услови, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Грција.

Дендиас и Османи, се вели во соопштението од МНР, посебно го поздравиле досегашниот развој и постигнат напредок во економската област, пред се имајќи ги предвид проектите за поврзување и гасификација на земјата. Во таа смисла, двајцата го поздравиле потпишувањето на Договорот за заедничка изградба на Интерконекторот со Грција, кој ресорните министри го потпишаа на 9 јули во Атина, проект кој е значаен не само за двете држави, соседи, сојузници и партнери, туку и за целиот регион.

Османи, информираат од МНР, упатил благодарност за досегашната континуирана грчка поддршка во процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, при што е добиено уверување од министерот Дендиас дека таквата нема да отсуствува и за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

извор: МИА

 

Next Post

Османи: Во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk