ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

„За македонцките работи“ во бугарскиот изборен контекст

July 11, 2021 12:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Источниот сосед, Република Бугарија, денеска ги има своите нови предвремени парламентарни избори. Во временска рамка од четири месеци, бугарските избирачи по втор пат ќе имаат можност да се изјаснат за тоа кој сака да ја води нивната влада во периодот кој претстои.

По неуспешните избори од месец април годинава, односно измешаните и тесни резултати кои не дозволија формирање на соодветно парламентарно мнозинство, нашиот сосед повторно ќе бира кој ќе биде на кормилото и кој ќе биде првиот меѓу еднаквите. Техничката влада што бугарските граѓани ја имаа во меѓувреме, беше буквално „ни на небо, ни на земја“. Заедно со претседателот Румен Радев, владиниот состав не успеа да собере храброст и да покаже политичка зрелост ниту за да почне да ги решава горчливите прашања кои полека се наталожија на бугарското тло, а не пак „со полна јурисдикција“ истите и целосно да ги реши.

Покрај новото вето кое во име на „европските и добрососедски односи и поддршка“, го искористи на јунскиот самит на ЕУ, она што го карактеризираше изминатиот период и дополнително фрла сенка на македонско – бугарските односи, се дрските и невкусни делови од изборната кампања на некои од кандидатите таму. Имено, дури и нашето МНР, кое како делумно да беше и во зимски сон по ова прашање, конечно мораше со официјална нота да реагира за појавените несоодветни изборни спотови во Република Бугарија и да побара официјално оградување од истите.

Бугарското предизборие отиде до таму, што, македонскиот убавец од град – Охрид, нашиот град под заштита на УНЕСКО, во некои од тамошните спотови се прикажуваше како да е бугарски град и како да е извор на некаква „бугарштина“. А, за да биде иронијата уште поголема, една од флоскулите кои бугарската дипломатија, деноноќно ги користи, за да ја одбрани употребата на нивното вето и рампа на нашиот евроинтегративен пат, е дека наводно Северна Македонија е таа која имала претензии кон делови од територијата на денешна Бугарија.

Напротив, последните случувања кај комшиите ја разоткриваат фактичката состојба дека токму некој друг изразува недозволиви територијални претензии кон туѓа државна територија и како памфлет користи еднострани чувства за припадност. Уште позагрижувачки е, ако помислиме дека некои од потенцијалните учесници од идниот состав на највисокиот дом на Бугарија се токму оние кои користат ваква реторика и ловат гласови на крајно неевропски и нецивилизациски начин.

Нека е и изборна кампања, нека е и дека целта ги оправдува (или сепак само определува) средствата, но што е многу, многу е. Градењето пријателство, уважувањето на европските вредности и обединет континент, едноставно не се можни, ако еднаш засекогаш не се помириме и не успееме да ја доловиме поентата дека вистинските пријатели меѓу себе не го прават тоа што денес Република Бугарија и го прави на Северна Македонија.

Иван Дургутов

Next Post
Бранко Тричковски

Макаки и лемури

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk