Полицијата и безбедносните сили синоќа ги протераа демонстрантите од центарот на градот, тепајќи и приведувајќи дел од нив. Повеќе десетици лица се ранети во судирите што се случија во централниот дел на градот, меѓу демонстрантите и силите за безбедност, пренесе МИА. Бранот демонстрации во главниот град на Либан против владеачката елита, заради што земјата западна во економска криза, трае од 17 октомври.
Безбедносните сили опотребиле солзавец и пукале со гумени куршуми, а демонстрантите им возвраќале со камења и обиди да ја пробијат металната ограда, со која е блокиран влезот во парламентот и седиштето на владата.
Неколку лица паднале во бесознание од солзавецот, јави либанската агенција ННА.
Цивилната одбрана соопшти дека мирот е вратен во центарот на Бејрут, додека спасувачката служба соопшти дека помош побарале 54 ранети лица, а повеќе од половината од нив биле префрлени во болниците низ градот.
Во судирот биле повредени и најмалку 20 полицајци, наведоа извори ов внатрешната безбедноснт.