Заев го прими новоизбраниот генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) на земјите од Западен Балкан Алберт Хани, кој оваа функција ја презеде како претставник на нашата земја. Заев истакна дека Република Северна Македонија, како земја потписничка на договорот за основање на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), како и до сега, ќе продолжи активно да ги поддржува програмите на регионалната канцеларија која има седиште во Тирана, како исклучително важна точка за поврзување на младите од регионот на Западен Балкан како една од најзначајните цели на иницијативата Берлински процес во чии рамки е основана.
Пандемијата со ковид-19 има огромно влијание врз психичката состојба на младите, која и онака е подложна на промени, а нивната психа е посебно „чувствителна“ кога се во пубертет, тинејџери или адолесценти. Проблемите посебно беа потенцирани додека тие беа затворени дома, не се дружеа со врсниците, не одеа на училиште…
Водоснабдувањето ќе биде заштитено и ниту во еден момент нема да има застој на сообраќајот додека се гради „Бас рапид транзитот“, уверува градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој рече дека граѓаните не треба да бидат вознемирени, бидејќи трасата поминува над главната цевка за вода на булеварот „Партизанска“. Никој не треба да се грижи во оваа смисла. И водата, и водоснабдувањето, и главната цевка ќе биде заштитена и лесно достапна за евентуални дефекти. Досега не се случило на оваа цевка да има дефект, рече Шилегов.
Оние деца кои немаат здравствено осигурување, или немаат одбрано матичен лекар, посочува министерот Филипче, исто така ќе може да се вакцинираат, а информации за термините ќе може да добијат директно на вакциналните пунктови каде ќе се одвива вакцинацијата на деца.
Денес, во Собранието на Република Северна Македонија, се одржа петтиот Комитет за односи меѓу заедниците, каде што одржа говор Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири. Истакна дека државната администрација е многу важен дел од нашето општество кое припаѓа на секој граѓанин на земјата, без оглед на неговата етничка припадност.
М. Миткоска
			




