„Политиките што ги води СДСМ носат успеси и радост. Пред 4 години бевме изолирана држава која се плаши од соседите и мисли дека сите ѝ се непријатели, држава која не верува во својата иднина. Денес сме членка на НАТО и нашето знаме се вее пред седиштето на Алијансата“ рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда, Бојан Маричиќ, на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен.
„Во сите преговори влеговме со самодоверба и со јасен идентитет како македонци кои говорат македонски јазик и како такви ќе влеземе и во ЕУ. Нашиот модел на едно општество за сите, на мултиетничко општество со почитување на сите се прочу низ целиот свет“ рече Маричиќ.
Тој додаде дека цела Европа и целиот свет дознаа за преспанскиот регион и Преспа стана симбол за пријателство, добрососедство, напредок и европска перспектива.
„Преспа денес е слободна, отворена, напредна и има светла иднина. Со отворањето на новиот граничен премин и отворањето на дополнителните европски проекти, Преспа ќе биде најдобриот македонски бренд“ истакна Маричиќ.
Секретарот за меѓународна политика на СДСМ истакна дека понудата на опозицијата е без перспектива проследена со несреќа, изолација, корупција, блокади и проблеми.
Д. Е.





