ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Објавен повикот за финансиска поддршка на нови и јакнење на постојните земјоделски задруги

July 13, 2021 11:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за финансиска подддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави повикот за поднесувањеа барања за мерката 131 „ Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење земјоделска дејност“. Крајниот рок за аплицирање е 31 јули 2021 година.

На повикот може да се пријават сите регистрирани земјоделски задруги. Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Програмата за рурален развој и се неповратен грант. Може да се користат за основање и функционирање на нови земјоделски задруги, како и за покривање на основните трошоци за постојните задуги.

-Новоформираните задруги може да поднесат барање за покривање трошоци за закуп на простории и објекти за задругата, набавка на канцелариски материјални, компјутери, набавка на компјутерски софтвери за планирање, управување, следење или контрола на работењето на задругата. Согласно критериумите за оваа мерка, новите и постојните задруги можат да аплицираат и за исплата на просечна плата за управителот на задругата, а задугите од голем обем може да добијат финансиска поддршка за ангажирање на стручен работник од областа на земјоделството или ветеринарство. Според Правилникот за мерката 131 „Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност“, првата година се покриваат 100 проценти од прифатливите трошоци што задругата ги направила за исплата на плати со намалување од 20 отсто во секоја наредна година во период не подолг од пет години, вели директорот на Платжната агенција, Никица Бачовски.

Задругите кои ќе аплицираат за добивање финансиска поддршка барањата треба да ги достават во оригинал заедно со целокупната пропратна документација наведена во барањето за финансиска поддршка. Проектите се одобруваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Обрасците Барање за исплата“ заедно со листата на потребни документи може да се симнат од веб страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување или предвремено отворање на барањето.

-Преку средствата од програмата за рурален развој го развиваме здружувањето и јакнењето на земјоделските задруги затоа што силата е во заедништвото. Клучот за опстанок на малите фарми, за раст и развој на руралните средини е во здружувањето и заедничкиот настап. Владата заедно со Агенција ќе продолжат и во иднина да креираат поволни мерки кои ќе помогнат за јакнење на капацитетите на здружувањето. Преку мерките за еконмско здружување во задруги, директно влијаеме и врз поквалитетно производство, посигурен пласман, профит и цената на домашно произведените земјоделски производи, нагласува директорот Бачоски.

извор: МИА
Next Post

Османи до амбасадорите во ЕУ-земјите: Стартот на преговорите врвен приоритет за дипломатијата и за време на словенечкото претседателство

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk