ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нуредини: Изненаден сум што некој ги блокира законите што се неопходни да се реши проблемот со отпадот

July 13, 2021 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изненаден сум што некој ги блокира овие закони, што ни се неопходни за да го решиме проблемот со отпадот, бидејќи е очигледно дека со постојаната регулатива имаме проблем со отпадот, вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во изјава за МИА за блокадата на законите за екологија во Парламентот.

Тој посочи дека тие што не успеале да ги прочитаат законите што се достапни на јавноста околу 12 месеци, треба да ги прочитаат.

– Делот со РДФ отпадот што беше изработен согласно стандардите на ЕУ, но предизвика загриженост во јавноста, се согласивме со пратениците да го измениме и увозот на РДФ да биде забранет додека не се обезбедат капацитети за добри контроли, додава министерот.

Во однос на тоа колку длабоко ќе се копа во малата депонија во ОХИС, експертите на денешната прес-конференција велат дека според податоците што ги имаат, откако ќе се тргне горниот слој на нафрлената земја, се наоѓа закопан линданот и изомерите во бетонски базени, во длабочина од 1,70 метри, потоа ќе се ископа и извади бетонот и ќе се направи дополнително истражување дали НСН пенетрирал и подлабоко во почвата. Доколку НСН пенетрирал и подлабоко во почвата тогаш ќе се изведе и ископување до безбедни концентрации.

Во одговор на новинарско прашање, околу тоа колку време е потребно да се заврши целиот процес, Нуредини истакна дека предвидени се 12 месеци и очекуваат да завршат со чистење на малата депонија во јули 2022 година. Тој додава дека сега со помош на експертите и знаењето што го имаат, ќе може да се изнајдат средства за да се исчисти и големата депонија. Станува збор за количество на отпад од 7.000 тони во малата и 52 илјади тони во големата депонија.

Министерот Нуредини посочи дека Природно математичкиот факултет има добиено инструменти од Норвешкото Кралство, што ќе ја мери почвата, но и воздухот и континуирано ќе се спроведуваат анализи, со цел да се обезбеди заштита на граѓаните во околината.

извор; МИА
Next Post

Неколку натпревари одиграни на Вимблдон, под истрага за потенцијално местење

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk