ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Презентиран првиот предлог за реорганизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво

July 13, 2021 21:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Зоран Заев, денеска заседаваше со 9-тата седница на Советот за реформа на јавната администрација. На седницата беа презентирани предлозите, наодите и препораките од Проектот „Поддршка на државната реорганизација“. Дополнително, членовите на Советот за реформа на јавната администрација, го разгледаа третиот полугодишен извештај за периодот јануари – јуни 2020 година од Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 година, како и третиот годишен извештај за имплементација на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018 – 2022) за 2020 година.
Како што истакна премиерот, реорганизацијата на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби е еден од клучните реформски приоритети за подобрување на ефикасноста и сервисната ориентација на јавната администрација. За таа цел, беше одржана и тематска седница на Владата на која детално беше дискутиран првиот предлог Интегриран извештај за идната организациска поставеност на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво.

„Врз основа на вашата активна партиципација од минатата недела и предлозите кои тогаш, а и дополнително ги споделивте со министерот за информатичко општество и администрација, од страна на проектниот тим направена е Презентација на предлогот, наодите и препораките за идната структура на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво“, информираше премиерот Заев.

Експертот на проектот, Александар Антоновс, го презентираше предлогот за идната структура на јавната администрација.

Тој се осврна на инклузивноста на процесот во кој беа вклучени сите засегнати страни и сите министерства. Изминатиот период беа направени повеќе анализи, интервјуа, работни состаноци кои доведоа до првиот предлог за реорганизација на јавната администрација. Предлогот за реорганизација во наредниот период ќе биде доставен и на седница на Владата.

Премиерот Заев изрази благодарност до Делегацијата на Европската унија и на Проектот „Поддршка на државната реорганизација“ за досегашната помош и соработка во имплементирањето на оваа значајна реформа кој треба да доведе до оптимизирање на целокупната институционална рамка, што ќе доведе до поставување на јасни линии на отчетност, подобрување на испораката на услугите, ефикасноста и ефективноста на јавната администрација и зајакнување на довербата на граѓаните во јавниот сектор.

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, го презентираше Третиот полугодишен извештај за периодот јануари – јуни 2020 година и Третиот годишен извештај за имплементација на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018 – 2022) за 2020 година.

Како заклучок на состанокот беше, дека во наредниот период Предлогот за идната организациска поставеност на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво, ќе биде финализиран и доставен на седница на Влада.

Next Post

Шаќири: Реформата на државната администрација кон последната фаза

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk