ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Охридскиот народен театар со „Крик за љубов“ вечер на „Охридско лето“

July 14, 2021 08:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Народниот театар од Охрид вечер ќе настапи на „Охридско лето“  со претставата „Крик за љубов“ – комедија на карактери и љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта.

Режисерот на претставата Љупчо Ѓоргиевски појаснува дека во неа двајца актери, поранешни сопружници, се ангажирани во претстава да играат ликови на исто така двајца поранешни сопружници. Накратко, тоа е претстава за она што се случува пред претставата, односно за време на процесот на подготовка на една претстава, од распределбата на улогите, преку првата проба до пробата со костими и премиерата. Се прави прецизно скенирање на типичните ситуации и карактери во театарот, како што се: актерите, режисерот, продуцентот и другиот помошен персонал, во процесот на создавање на една претстава.

-Притоа се навлегува во суштината на феноменот наречен „театар“, т.е. колку театарот е живот, а колку, пак, животот е театар, постои ли граница помеѓу нив и како тие се испреплетуваат и прелеваат еден во друг. На крај, се разбира, доаѓаме до чудотворното дејство на театарот врз реалниот живот, вели режисерот.

Љупчо Ѓоргиевски (1956, Битола) од1990 работи како режисер – драматург во Народен театар – Битола,  а од 2002 до 2006 година беше негов директор. Има режирано повеќе од  70 претстави во сите театри во земјава, а режирал и во Бугарија, Русија (Санкт Петербург и Казан) Турција, Романија, Косово… Поставува дела од светската класична и современа драма, како и македонската драма. Особен успех му донесоа поставките на т.н. македонска битова драма („Бегалака”, „Македонска крвава свадба” и „Парите се отепувачка”). Негови претстави учествувале на сите театарски фестивали во С. Македонија и на повеќе фестивали надвор од неа. Со свои претстави гостувал во Европа, Австралија, Канада и Америка. Ѓоргиески за својата работа е добитник и на повеќе награди и признанија.

Улогите во претставата „Крик за љубов“ ги толкуваат Адријана Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев, Горан Стојаноски.

Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Next Post

(ВИДЕО) Претседателот на МОК Томас Бах по грешка Јапонците ги нарече Кинези

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk