ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Слепите и лицата со оштетен вид добија апликација со која пишаниот текст ќе го слушаат во аудиоформа

July 14, 2021 12:18
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Слепите лица и лицата со оштетен вид во земјава првпат добија апликација со која ќе им се овозможи пишаниот текст да го чујат во гласовна форма. Апликацијата „Кико“ ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп-верзија, сега на македонски јазик, а за неколку месеци и на албански јазик. Покрај слепите и лицата со оштетен вид, апликацијата ќе можат да ја користат и лица со тешкотии во учењето, односно оние кои информациите најлесно ги разбираат кога се во говорна форма.

– Слепите лица и лицата со оштетен вид првпат ќе добијат функционална современа и соодветна алатка која ќе им овозможи поголема независност во сите сфери на општествениот живот. Апликацијата аудиочитач ќе биде достапна во мобилна и десктоп-верзија. Ќе биде лесно разбирлива, а текстот ќе се изразува со природен глас. Оваа апликација е голем исчекор напред затоа што во моментов тие слушаа роботски глас, кој е несоодветен и нецелосно разбирлив, рече на денешната презентација на апикацијата министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Овие лица, рече Шахпаска, имаат право за непречена комуникација слободно изразување и слободен пристап до сè што ги опкружува, а оваа апликација го овозможува токму тоа – непречна комуникација, непречено движење целосно вклучување во општеството, како и зголемување на квалитетот на живот на слепите лица и на лицата со оштетен вид.

– Грижата за ранливите категории граѓани за нас како Влада, но пред се за МТСП е врвен приоритет. Градиме политики и преземаме активности да одговориме на нивните потреби. Мотото на лицата со попреченост „Ништо за нас без нас“ е основата на која се темелат нашите политики кои ги градиме заедно со нив. Продолжуваме со нашите заложби за градење општество со еднакви можности за сите граѓани, кое ќе интегрира и вклучува, а не општество кое ќе дискриминира и и исклучува, рече министерката за труд и социјална политика.

Премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на промоцијата, истакна дека оваа апликација, која, како што рече, е лесно применлива за сите возрасти со користење на системот на претворање текст во говорен глас, ќе овозможи непречена комуникација, движење и целосно вклучување во општеството и достоинствен живот на оваа ранлива категорија граѓани.

– Нашата земја во 2011 година ја ратификуваше Коненцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Оваа Влада целосно ја презеде обрската како членка на ОН да работи на нејзина постојана имплементација, притоа обезбедувајќи еднакви права и можности за достоинствен и независен живот на лицата со попреченост, како и на останатите граѓани, истакна премиерот Заев.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакјан на презентацијата истакна дека од суштинска важност за лицата со попреченост е пристапот до образование, вработување, но и пристап до информации и комуникации.

– Апликацијата „Кико“ е важен момент во повеќегодишната посветеност на УНДП во поддршка на националните чинители да ги исполнат своите заложби за спроведување на меѓународната конвеција која нагласува дека сите лица со било каков вид на попреченост мора да ги уживаат сите човекови права и слободи, но, има за цел, исто така, и да го заштити нивното достоинство, рече таа изразувајќи надеж дека оваа апликација може да биде основа за натамошно развивање слични дигитални производи кои малку ќе им го олеснат секојдневниот живот на лицата со попреченост, рече Сахакјан.

За слепите лица и лицата со оштетен вид ова е голем чекор напред во нивното осамостојување и остранување на пречките со кои досега се соочувале.

Со говорната синтеза, како што рече претседателот на Сојузот на здруженија на слепи лица Жарко Селковски, многу се подобрува и се олеснува секојдневниот живот на слепите лица во домот, при движењето, при учењето, за вработување, да може да си ги завршуваат сите работни обврски и без никакви проблеми да можат да остваруваат свои приходи.

Со ова дигитално помагало, додаде, ќе бидат посамостојни во работа и со телефонот и со компјутерот.

извор: МИА

Next Post

Од утре почнува аплицирањето за „Ковид 4” кредитната линија

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk