ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе се носи нов закон за градење, во тек консултации со стручната јавност

July 14, 2021 13:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се донесе нов закон за градење за кој веќе е изработена нацрт-верзија и во тек се консултации со стручната јавност. Во него, меѓу другото, се предвидува скратување на постапките за издавање на актите за градење со воведување обединета постапка за сите видови акти, укинување на прекумерниот број позитивни мислења и согласности за градење, како и категоризација на сите градби.

Потребата од донесување на нов закон, како што денеска изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, произлегува од фактот што актуелниот е менуван повеќе од 30 пати и што одредбите во него реално прават проблеми во сите постапки на градењето.

– Опцијата постојниот закон да се поправа со измени и дополнувања не е прифатлива бидејќи се работи за погрешни решенија што се донесени цела деценија и што го компромитираат практично секој член од законот. Донесување на нов закон за градење, во кој на современ, стручен и европски ориентиран начин, ќе се уреди материјата на градењето и ќе се овозможи просторниот и економскиот развој на државата, е единствената прифатлива опција за решавање на состојбите во дејноста, истакна Бочварски на денешата стручна дебата што ја организираше Друштвото за патишта.

Вели дека е најважно во новото законско решение да се пронајдат сите – и оние од високоградбата и и оние од нискоградбата, како и секоја фела што работи во овој сектор.

– По секој цена не сакавме да креираме закон кој би бил штетен како и претходните. Затоа изминатиов период, целата стручна јавност, граѓанските организации и сите други чинители вклучени во оваа проблематика учествувавте во креирање на овој нов закон со свои предлози и решенија, истакна Бочварски.

Со Предлог-законот се уредува материјата на изградба на градби преку која се стимулира просторниот и економскиот развој на државата. Во исто време се стимулира инвестирањето во градење, се зајакнува улогата на стручната јавност и правата на странките и се овозможува разрешување на наталожените децениски проблеми во градежната дејност.

Стручната јавност смета дека постои можност да се подобри законот во некои негови членови со цел да се направи законско решение кое ќе биде применливо во пракса.

– Како стручна фела оценивме дека постои начин да се подобрат перформанските на овој закон во некои одредени членови со појаснувања и дполнувања и на тој начин да придонесеме и да направиме применлив закон којшто нема да дозволи да се јавуваат недостатоци како претходниот закон, изјави  проф. д-р Горан Мијоски од Градежниот факултет и претседател на Друштвото за патишта.

Како што потенцира Мијоски, станува збор за најважниот закон во областа на градењето.

Градежништвото учествува со над 30 проценти во Бруто домашниот производ, вработува преку 40 илјади работници, а поддржува уште 36 други стопански гранки.

извор: МИА

Next Post

Бочварски: Со новиот закон за легализација дополнително регулиран делот за заштитените подрачја

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk