ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Битиќи со реакција до Тасевски: Коментарот е штетен и поразувачки прво кон Царовска, но и кон сите жени

July 15, 2021 11:31
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Фатмир Битиќи застана во одбрана на министерката Мила Царовска. Тој реагира на коментарите од актерот Сашо Тасевски.

Битиќи смета дека коментарот на Сашо Тасевски, кој рече дека Царовска ги стимулира младите ученички во иднина да бидат лидерки наместо домаќинки и мајкина, е штетен и поразувачки прво кон министерката Царовска, но и кон сите жени.

„Да си дел од јавниот живот, без разлика по која основа, не претставува привилегија, напротив претставува одговорност. Одговорност да бидеш пример.

Токму затоа сметам дека коментарот на Сашо Тасевски, насочен прво кон министерката Царовска, но и кон сите жени е штетен и поразувачки.

Прво, од затворање на жените во стереотипи и позиции кои се меѓусебно исклучувачки. Односно дека жената мора да биде едно или друго, домакинка или образована, без можност за ништо измеѓу.

Во поголеммиот контекст, поларизацијата која тој ја наметнува е загрозувачка и опасна за сите нас. Такви ставови постојано не ставаат на две спротивставени страни кои се толку далеку една од друга што инклузијата е невозможна.

Колку повеќе размилувам за искажаното, толку повеќе сакам гласно да кажам – Нашиот пол, религија, националност, партија… не не одредува или затвора во појас за тоа кои се очекува да бидеме.

Додека ова го пишувам ја имам на ум мојата ќерка, жена албанка, која сакам да расне во општество кое по ниеден основ не ја предодредува нејзината положба или рамки во кои смее да расне, да се развива и да го живее својот живот во полн елан.

За вакво #едноопштествозасите сакам да зборуваме во јавниот дискурс. Се освен ова за мене е неприфатливо.“, истакна Битиќи во објава на Фејсбук.

Под хаштагот #сонеасме на социјалната мрежа Фејсбук, осуда на коментарот од Тасевски истакнаа бројни активисти и јавни личности.

„Ова не е прв пат Сашо Тасевски да дава изјави со кои ја омаловажува министерката Мила Царовска. Овие изјави на Сашо Тасевски не претставуваат омаловажување само на министерката, туку и на целиот женски род. Со овие изјави само се зацврстуваат родовите стереотипи според кои улогата на жената се сведува на машина за раѓање и одгледување деца и за вршење на работи во домаќинството, но и се влева страв од било каков прогрес на позицијата на жената. Поистоветувањето на жените со лидерки или домаќинки односно со две крајности кои не оставаат избор за ништо помеѓу, неминовно влијае на зацврстување на стереотипите, но и на зголемување на општествената поделеност. Секоја жена треба да има еднакви можности за избор да го прави и работи она што го сака, а не да биде сведена на традиционално предодредени, застарени и крајно дискриминирачки родови улоги. Токму овој вид на изјави само ја потврдуваат потребата од воведувањето на родово сензитивно образование.“, се наведува во текстот споделуван под хаштагот #сонеасме

Ј. Ѓ.

 

Next Post

СДСМ: Мицкоски треба да молчи на тема енергетика, наместо да копира проекти и концепти од СДСМ

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk