ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжено работно време и работење во викенд за да се одговори на барањата на граѓаните за нови лични документи

July 15, 2021 15:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Одделението за управни работи-Скопје, при Одделот за граѓански работи, кое периодов работи со продолжено работно време, вклучително и во текот на викендите, со единствена цел, граѓаните кои имаат потреба од издавање на нови лични документи да можат навремено да си го остварат своето право.
Имено, од 5 јули, по успешно спроведената завршна фаза на миграција на податоците на новиот, надграден систем, стартуваше издавањето на новите патни исправи и возачки дозволи, усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име на државата, во кои се имплементирани и одредбите од Законот за јазици на Република Северна Македонија. Притоа, како што е веќе информирана јавноста, личните документи со името Република Македонија  ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во документот, а најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Како што информираа од Одделението за управни работи, овој период секоја година, со исклучок на минатата, е зголемен интересот на граѓаните за добивање на документи, а оваа година, по олабавување на мерките против пандемијата, интересот е енормно зголемен, бидејќи граѓаните во претходниот период не ги обновувале документите, поради затворените граници како последица од Ковид кризата.

Така, само во јуни биле издадени околу 42.000 патни исправи, околу 20.000 лични карти и околу 10.000 возачки дозволи, додека во периодот од  05.07.2021 до 14.07.2021, примени се вкупно 41.864 барања за лични документи, имајќи предвид дека дневно во последниве три месеци се регистрираат по околу 3000 телефонски и 1000 електронски закажувања за лични документи. Обрасци од сите лични документи има во доволен број, а издавањето на готовите документи продолжува со несмален интензитет за да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Инаку, Одделението за управни работи, работеше без прекин во услови на пандемија, за што министерот Спасовски на вработените им упати благодарност за посветеноста и најави реконструкција на објектот, со цел создавање на подобри услови за вработените, но и за граѓаните.

Next Post

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11. 540 македонски граѓани и 8. 306 со втора доза

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk