ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потпишан Указот за Законот за стратешки инвеститор за автопатите, ДКСК ќе го оспори пред Уставниот суд

July 17, 2021 09:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За изградбата на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола државата ќе ангажира стратешки инвеститор според нов модел, првпат без тендер. Во наредниот период треба да се конституира Комитет за преговори со стратешкиот инвеститор „Бехтел и Енка“, а услови за тоа се создадени откако Собранието по скратена постапка завчера го изгласа Законот за таа намена, а претседателот Стево Пендаровски вчера го потпиша Указот за негово прогласување. Во меѓувреме, Државната антикорупциска комисија која смета дека законот претставува висок ризик фактор за корупција и судир на интереси,  побара шефот на државата да не го потпишува Указот, а откако се случи тоа, најави дека мислењето што го изготвиле ќе го достават до Уставниот суд.

Од Кабинетот  на Претседателот вчера соопштија дека  Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија.

– Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти, наведува Кабинетот на Пендаровски во соопштението. 

Претходно, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска на прес-конференција информираше дека по извршена антикорупциска проверка, е утврдено дека овој закон, како целина претставува висок ризик фактор за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, според антикорупционерите, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Како што најави Ивановска, ДКСК ќе бара од претседателот Пендаровски да не го потпише Указот, а доколку го потпише ќе биде даден на Уставен суд. Ќе ги користат, најави, сите алатки што се овозможени во системот да ги употребат во вакви случаи и нема да се откажат.

Во образложението на мислењето на ДКСК за овој закон, меѓу другото, стои дека се крши со Устав загарантираната слобода на пазарот и на претприемништвото и обврската на државата да обезбеди еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и е во директна спротивност со обврската на државата да презема мерки против монополската положа и однесување на пазарот.

Во законот, смета ДКСК, постојат правни празнини кои оставаат отворен простор за субјективизам, арбитрерност, политичко влијание, тргување со моќ и дискреција при конституирањето на Комитетот за преговори, а на сметка на стручноста, компетентноста и професионализамот.

– Овој Комитет е клучниот фактор за утврдување на договорот со стратешкиот партнер и недозволиво е од аспект на одредбите на Законот за спречување корупција и судир на интереси да се остави таква недореченост, правна празнина во однос на составот, квалификациите и стручното портфолио на членовите, рече претседателката на ДКСК, која по потпишувањето на Указот, за МИА потврди дека мислењето што го изготвија за законот ќе го достават до Уставниот суд.

Во текот на расправата во Собранието во пресрет на гласањето за законот, негово повлекување побараа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Пратеникот од оваа партија Владо Мисјаловски рече дека во него треба да се подобрат многу работи и оти со ваква содржина ќе предизвика многу проблеми при реализацијата на планираните проекти.

Ова е закон кој ќе чини стотици и стотици милиони евра, ваквиот закон ќе има многу проблеми, како во администрацијата при решавање на тековните работи. Ако е стратешки договор, зошто нема меѓународен договор меѓу две земји, иако постои меморандум за соработка, праша Мисајловски, наведувајќи дека во законот не пишува по кои стандарди ќе се реализира проектот, а го спореше и делот каде е наведено „со уникатен начин на градење“.

Пратеникот од БЕСА Кастриот Реџепи, пак, како еден од предлачите на овој закон, порача дека сите заедно треба да ги поддржат овие проекти и да гласаат за законот.

-Поткрепете гласајќи го овој проект од кој ќе има придобивка целата земја и граѓаните. Се работи за инфраструктурен Коридор 8, многу од нас патуваат тука, и знаат колку е значајно и колку е добар овој проект, од таа причина да не оставаме сомнеж и да го поктрепиме да почне реализацијата, рече Реџепи.

Владата на 31 март годинава потпиша Меморандумот за разбирање  со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан на Коридорот 8, како и Прилеп – Битола на Коридор 10 д.  Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, а како што образложи ресорниот министер Благој Бочварски, ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа.

извор: MИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Social media icons

Социјалните мрежи поволна почва за ширење дезинформации и лажни вести

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk