ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Новите учебници се освежување во образовниот процес, учениците ќе ги засакаат предметите низ илустрации и активности

July 17, 2021 12:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа состанок со фокус група на наставниците – ментори во врска со новите материјали за учење за прво одделение.

Царовска на состанокот се заблагодари на наставниците-ментори за одвоеното време да ги разгледаат новите материјали за учење и да го дадат својот придонес во нивната изработка.

„Овој процес не би бил целосен доколку материјалите за учење не поминеа низ филтер од наставниците-менторико и од септември ќе бидат директна поддршка во имплементацијата на реформите во училиштата. Вие имате долгогодишно искуство од пракса и најдобро може да го кажете својот став во врска новите наставни материјали“, рече Царовска.

Наставниците-ментори имаа можност да ги продискутираат содржините на материјалите, да го кажат своето мислење во врска со начинот на кој се подготвени и да ги кажат забелешките, се со цел да се обезбедат квалитетни и современи материјали кои се во целосна согласност со новата Концепција.

Фокус групата истакна дека учебниците се вистинско освежување во наставниот процес затоа што наликуваат на сликовници кои децата ги сакаат. Материјалите се интерактивни, оставаат можност за работа во самиот учебник и ги поттикнуваат учениците низ илустрациите, активности и експериментите да го засакаат предметот.

„Учебниците ги видовме како една едиција. Без разлика што авторите се различни, предметите се различни, сепак тие претставуваат една целина, тесно се поврзани меѓусебе и го задоволуваат делот којшто се однесува на интеграција на предметите предвиден со Концепцијата“, рекоа дел од наставниците-ментори.

Новата Концепција стартува од септември. По нови наставни програми, со нови материјали за учење наставата ќе се одвива во прво и четврто одделение. Реформите во деветолетката ќе се воведуваат етапно, и целосно треба да бидат имплементирани во следните 5-6 години.

Next Post

МОН: Учениците и студентите да го продолжат правото на користење стипендија

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk